мини|десно|300п| Планински часовен појас — часовен појас во Северна Америка, седум часа зад координираното универзално време (UTC) при стандардно сметање и шест часа зад него при летно сметање (UTC−6). Часовничкото време на појасот се води по средното сонечево време на 105. западен меридијан од Гринич.

Во САД и Канада, овој појас го носи општиот назив „планинско време“ (, MT). Се нарекува „планинско стандардно време“ (Mountain Standard Time, MST) при стандардно сметање на времето и „планинско летно време“ (Mountain Daylight Time, MDT) при летно сметање. Појасот е наречен „планински“ бидејќи низ него целосно се протегаат големите Карпести Планини, од северозападна Канада, па до Ново Мексико во САД. Во Мексико, истиот појас се нарекува „тихоокеански појас“ (). Во САД и Канада овој појас лежи источно од тихоокеанскиот, а западно од централниот појас.

Почнувајќи од 2007 г. во некои подрачја месното време се менува од MST во MDT од 02:00 ч. MST на 03:00 ч. MDT на вториот ден недела во март и се враќа од 02:00 ч. MDT на 01:00 ч. MST на првиот ден недела во ноември.

Сонора во Мексико и најголемиот дел од Аризона во САД не следат летно време, а за време пролетта, летото и есента следат исто време како тихоокеанскиот појас. Резерватот Навахо (кој е претежно во Аризона) следи летно време, но резерватот Хопи не следи.

Најголем град во планинскиот часовен појас е Финикс во Аризона, со неговата метрополитенска област.

Канада Само една покраина во Канада лежи целосно во планинскиот појас:

Една покраина и една територија се поделени меѓу планинскиот и тихоокеанскиот појас: — далекуисточни краишта — Тангстен

Една територија иедна покраина се поделени меѓу планинскиот и централниот појас : областа Киткимеот : Лојдминстер и околината

Мексико Следниве сојузни држави во Мексико имаат исто време како планинскиот часовен појас:

— само три од четирите острови на архипелагот Ревилјахихедо: Сокоро, Сан Бенедикто и Рока Партида. : освен општината Баија де Бандерас, која е во централниот појас.

— нема летно време, само MST.

САД Пет сојузни држави во САД наполно лежат во планинскиот појас: — нема летно време

Три сојузни држави се поделени меѓу планинскиот и тихоокеанскиот појас: — Јужно Ајдахо — само Вест Вендовер заедно со гратчињата Џекпот, Маунтан Сити, Овајхи и Џарбиџ на границата со Ајдахо. — главен часовен појас на округот Малхир

Седум сојузни држави се подлеени меѓу планинскиот и централниот појас: — западната половина — окрузите Шерман, Волес, Грили и Хамилтон — западната третина — цело, освен Нара Виза — Кентон — југозападни краишта — окрузите Ел Пасо и Хадспет

Поврзано Карпести Планини

Наводи

Надворешни врски Карта на часовните појаси во САД Официјални времиња во Канада Официјални времиња во Мексико

Категорија:Часовни појаси Категорија:Време во Канада Категорија:Време во Мексико Категорија:Време во САД