Рикитеа (мангаревански: Rikitea) — мало гратче на островот Мангарева, дел од островската група Гамбје во Француска Полинезија. Гратчето е главно населено место на Гамбје и повеќето од населението живее во него.

Географија

Рикитеа има пристаниште и означува туристички центар на Мангарева. Рикитеа се наоѓа на 1650 км југоисточно од Тахити. Просечната надморска височина на гратчето е 8 метри. Островот има население од околу 1100 жители и скоро сите живеат во Рикитеа.

Сообраќај Во гратчето може да се пристигне преку воздух или море. Аеродромот се наоѓа на Моу Торегегие, 9 км североисточно. Од аеродромот луѓето потоа користат бродови да пристигнат до селото/ гратчето. Има летови од Папеете и траат 4 и пол часови. Патувањето со брод од Папеете трае 21 ден и се застанува на уште 4 други острови пред да се стигне до Рикитеа. Околу островот има пат од 28 км должина.

Наводи

Поврзано Мангарева Катедрала во Рикитеа Гамбје

Литература

Категорија:Мангарева Категорија:Населени места во Француска Полинезија