Колку е потребно за среќа - збирка поезија на македонската поетеса Ана Бунтеска, објавена од издавачката куќа „Матица македонска“ во 2016 година.

Опис на книгата Збирката содржи вкупно 101 песна. Лектурата ја направил Здраво Ќорвезировски, фотографијата на корицата е дело на Ана Бунтеска, техничката обработка на корицата ја направил Владимир Мирчевски, а електронската реализација е дело на Методија Николовски. Книгата, со обем од 218 страници и со димензии од 21 сантиметар, е испечатена во печатницата „Графостил“ во Скопје. Каталогизацијата е извршена во НУБ „Св. Климент Охридски“, а книгата ја има меѓународната ознака ISBN 978-608-10-0509-7.Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016.

Наводи

Категорија:Дела на Ана Бунтеска Категорија:Изданија на Матица македонска Категорија:Книги од 2016 година Категорија:Појавено во 2016 година во Македонија