Метју „Мет“ Дејвид Камерон (роден на во Сан Диего) — американски музичар и тапанар, член на американскиот рок-бенд Pearl Jam.

Својата кариера ја започнал членувајќи во Bam Bam и Skin Yard, но за првпат се здобил со слава како тапанар за Soundgarden, во која се приклучил во 1986 година, и останал до 1997 година. Во 1998 година, Камерон бил поканет да учествува во турнејата на Pearl Jam. Тој наскоро станал постојан член и оттогаш останал во бендот. Во 2010 година, Soundgarden се обединил за турнеја и објавил нов албум, King Animal, на 13 ноември 2012 година.

Покрај тоа, Камерон бил член и на Temple of the Dog (заедно со соработниците на Soundgarden и Pearl Jam).

Мет Камерон бил примен во Салата на славата на рокенролот на 7 април 2017 година.

Наводи

Надворешни врски

Matt Cameron at Drummerworld

Категорија:Живи луѓе Категорија:Гранџ музичари Категорија:Американски тапанари Категорија:Temple of the Dog Категорија:Soundgarden Категорија:Pearl Jam