мини|десно|300п|Поглед на Средносибирската Висорамнина од реката.
Средносибирска Висорамнина (, ) — висорамнина која зафаќа една третина од Сибир, помеѓу реките Енисеј и Лена, на површина од 3,5 милиони квадратни километри. Се одликува со реско одделени површини на различна надморска височина. Највисоката точка е на венецот Путорана, кој се издига на висина од 1.701 м и, во најголем дел, продолжува на север од висорамнината. Јужно од неа се протегаат Источните Сајански и Бајкалските Планини. На исток, теренот се спушта во низински предели, каде живеат Јакутите.
Климата е континентална, со кратки топли лета и долги сурови зими. Речиси сета територија на висорамнината е прекриена со четинарски шуми, од кои најзастапен е аришот. Најголема река е Долна Тунгуска. Од особено значење е регионот Сибирски Трапови, кој изобилува со минералните ресурси како јаглен, железна руда, злато, платина, дијаманти и земен гас.
Поврзано Сајански Планини Бајкалски Планини Економија на Русија
Наводи
Надворешни врски Средносибирска Висорамнина — Голема советска енциклопедија Средносибирска Висорамнина — Иркипедија
Категорија:Висорамнини во Русија Категорија:Географија на Краснојарскиот крај Категорија:Сибир