ФК Париз Сен-Жермен, (на француски Le Paris Saint-Germain, се чита: Ле Пари Сен Жермен) е француски фудбалски клуб од Париз, кој моментално се натпреварува во првата Лига 1, првото ниво на францускиот фудбал. Својте домашни натпревари, клубот ги игра на стадионот Паркот на принцовите, кој е со капацитет од 48.713 места и е дом на Париз Сен Жермен од 1974 година.

Клубот е основан во 1970 година. До денес ПСЖ е најуспешниот француски клуб во фудбалската историјата со 43 освоени трофеи. На домашната сцена, Парижаните освоиле девет титули од Лига 1, рекордни единаесет Купови на Франција, рекордни седум Лига купови на земјата, рекордни седум трофеи во Суперкупот на Франција и една титула во Лига 2. Во меѓународниот клупски фудбал, тие имаат освоено еден Куп на победниците на куповите и еден Интертото куп, а биле и финалисти во Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа..Основан во 1970 година, клубот е најзначаен за својот професионален тим за фудбал, кој игра на највисоко ниво во француското фудбалско првенство во, Лига 1. ПСЖ е исто така единствениот клуб што никогаш не испаднал од Лига 1, и е еден од само двата француски клуба кои освоиле голема европска титула, а исто така претставува најпопуларен француски клуб.

Боите на домашниот дрес на ПСЖ се црвена, сина и бела, а амблемот на клубот е составен од истите овие бои со Ајфеловата кула во средина. Париз Сен Жермен има долгогодишно соперништво со екипата на Олимпик Марсеј, со која играат дерби во францускиот фудбал, познато како Ле Класик.

Во 2011 година, катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, станал сопственик на клубот преку државната акционерска организација Катар Спортс Инвестментс (QSi). Преземањето го направило ПСЖ најбогатиот клуб во Франција и еден од најбогатите во светот.

Историја Париз Сен-Жермен бил основан на 12 август 1970 година по спојувањето на ФК Париз - кој бил основан една година порано за да ја пополни празнината за немање топ-клуб во главниот град - и Стад Сен Жермен, основан во 1904 година во Сен Жермен-ен-Леј, роден град на Луј XIV. Клубот направил моментален напредок, изборувајќи промоција во Лига 1, освојувајќи ја титулата во Лига 2 во нивната прва сезона. Нивниот моментум сепак бил прекинат, кога клубот се разделил во 1972 година. Така, ФК Париз останал во Лига 1, додека ПСЖ бил административно исфрлен во Дивизија 3. Сепак одмаздата на ПСЖ дошла во 1974 година, кога тие се вратиле во Лига 1, а истата сезона ФК Париз испаднал една лига подолу. Истата година клубот се преселил на Паркот на принцовите.

Клупските витрини за трофеи ги поздравиле првите одличја кога бил освоен Купот на Франција во 1982 и 1983 година, во текот на една деценија обележана од играчи како Сафет Сушиќ, Луис Фернандес и Доминик Рошто. ПСЖ ја освоил и првата првенствена титула во 1986 година, само за да доживе тежок пад во следните сезони. Но, преземањето од страна на телевизискиот гигант Канал + го ревитализирала клубот и ПСЖ влегол во нивната златна ера. Предводени од Давид Жинола, Жорж Веа и Раи, клубот освоил 9 трофеи во текот на 1990-тите. Најзначајно, сепак било тоа што Парижаните ја освоиле својата втора првенствена титула во 1994 година, а потоа и првиот европски трофеј со освојувањето на Купот на победниците на куповите во 1996 година.

На почетокот на 21 век, во клубот играле нови ѕвезди. Но, и покрај магијата на Роналдињо и головите на Паулета, ПСЖ се борел да ги премести височините. Уште пет нови трофеи пристигнале во витрините на клубот во овој период: три во Купот на Франција, еден во Лига купот на Франција и еден во Интертото купот, но клубот станал попознат по тоа што паѓал од една во друга криза. Поради тоа, Париз Сен Жермен поминал две сезони борејќи се за опстанок, во кои испаѓањето било многу тесно избегнато.

Сето тоа се променило во 2011 година со доаѓањето на новите сопственици, Катар Спортс Инвестментс (QSi) и претседателот Насер Ал-Хелаифи. Тие воспоставиле исклучително амбициозен проект со цел да го направат ПСЖ клуб од самиот врв на европскиот фудбал. Веднаш по доаѓањето на новите катарски сопственици, како на трака во клубот започнале да "слетуваат" големи имиња како Златан Ибрахимовиќ, Тијаго Силва, Единсон Кавани, Нејмар и Килијан Мбапе со што клубот станал доминантен во францускиот фудбал, освојувајќи седум од последните осум титули во Лига 1. Клубот исто така, станал редовен учесник во Лигата на шампионите, каде најголемиот успех го оствариле во сезоната 2019-2020 кога стигнале до финалето во кое загубиле од со 0-1. Хронологија Хронологија на ФК Париз Сен Жермен 1970 - Клубовите ФК Париз и Стад Сен Жермен се спојуваат и го формираат ФК Париз Сен Жермен. 1970-1971 - 1. место во Дивисион 2. Промоција во Дивисион 1. 1971-1972 - 16. место во Дивисион 1. Испаѓање во Првенство Насионал. 1972-1973 - 2. место во Првенство Насионал. Промоција во Дивисион 2. 1973-1974 - 2. место во Дивисион 2. Промоција во Дивисион 1. 1974-1975 - 15. место во Дивисион 1. 1975-1976 - 14. место во Дивисион 1. 1976-1977 - 9. место во Дивисион 1. 1977-1978 - 11. место во Дивисион 1. 1978-1979 - 13. место Дивисион 1. 1979-1980 - 7. место во Дивисион 1.

1980-1981 - 5. место во Дивисион 1. 1981-1982 - 7. место во Дивисион 1 Победник на Купот на Франција (1. титула). 1982-1983 - 3. место во Дивисион 1. Четвртфинале во Купот на победниците на куповите. Победник на Купот на Франција (2. титула). 1983-1984 - 4. место во Дивисион 1. Второ коло во Купот на победниците на куповите. 1984-1985 - 13. место Дивисион 1. Второ коло во Куп на УЕФА. 1985-1986 - Шампион на Франција (1. титула). 1986-1987 - 7. место во Дивисион 1. Прво коло во Куп на шампиони. 1987-1988 - 15. место во Дивисион 1. 1988-1989 - 2. место во Дивисион 1. 1989-1990 - 5. место во Дивисион 1. Второ коло во Куп на УЕФА.

1990-1991 - 9. место во Дивисион 1. 1991-1992 - 3. место Дивисион 1. 1992-1993 - 2. место Дивисион 1. Полуфинале во Куп на УЕФА. Победник на Купот на Франција (3. титула). 1993-1994 - Шампион на Франција (2. титула). Полуфинале во Купот на победниците на куповите. 1994-1995 - 3. место во Дивисион 1. Полуфинале во Лигата на шампионите. Победник на Лига купот на Франција (1. титула). Победник на Купот на Франција (4. титула). 1995-1996 - 2. место во Дивисион 1. Победник на Суперкупот на Франција (1. титула). Победник на Купот на победниците на куповите (1. титула). 1996-1997 - 2. место Дивисион 1. Финалист во Суперкупот на УЕФА. Финалист во Купот на победниците на куповите. 1997-1998 - 8. место во Дивисион 1. Групна фаза во Лигата на шампионите. Победник на Лига купот на Франција (2. титула). Победник на Купот на Франција (5. титула). 1998-1999 - 9. место во Дивисион 1. Прво коло во Купот на победниците на куповите. Победник на Суперкупот на Франција (2. титула). 1999-2000 - 2. место во Дивисион 1.

2000-2001 - 9. место во Дивисион 1. Втора групна фаза во Лигата на шампионите. 2001-2002 - 4. место во Дивисион 1. Победник на Интертото купот (1. титула). Трето коло во Куп на УЕФА. 2002-2003 - 11. место во Лига 1. Трето коло во Куп на УЕФА. 2003-2004 - 2. место во Лига 1. Победник на Купот на Франција (6. титула). 2004-2005 - 9. место во Лига 1. Групна фаза во Лигата на шампионите. 2005-2006 - 9. место во Лига 1. Победник на Купот на Франција (7. титула). 2006-2007 - 15. место во Лига 1. Осминафинале во Куп на УЕФА. 2007-2008 - 16. место во Лига 1. Победник на Лига купот на Франција (3. титула). 2008-2009 - 6. место во Лига 1. Четвртфинале во Куп на УЕФА. 2009-2010 - 13. место во Лига 1. Победник на Купот на Франција (8. титула).

2010-2011 - 4. место во Лига 1. Осминафинале во Лига Европа. 2011-2012 - 2. место во Лига 1. Групна фаза во Лига Европа. 2012-2013 - Шампион на Франција (3. титула). Четвртфинале во Лигата на шампионите. 2013-2014 - Шампион на Франција (4. титула). Четвртфинале во Лигата на шампионите. Победник на Суперкупот на Франција (3. титула). Победник на Лига купот на Франција (4. титула). 2014-2015 - Шампион на Франција (5. титула). Четвртфинале во Лигата на шампионите. Победник на Суперкупот на Франција (4. титула). Победник на Лига купот на Франција (5. титула). Победник на Купот на Франција (9. титула). 2015-2016 - Шампион на Франција (6. титула). Четвртфинале во Лигата на шампионите. Победник на Суперкупот на Франција (5. титула). Победник на Лига купот на Франција (6. титула). Победник на Купот на Франција (10. титула). 2016-2017 - 2. место во Лига 1. Осминафинале во Лигата на шампионите. Победник на Суперкупот на Франција (6. титула). Победник на Лига купот на Франција (7. титула). Победник на Купот на Франција (11. титула). 2017-2018 - Шампион на Франција (7. титула). Осминафинале во Лигата на шампионите. Победник на Суперкупот на Франција (7. титула). Победник на Лига купот на Франција (8. титула). Победник на Купот на Франција (12. титула). 2018-2019 - Шампион на Франција (8. титула). Осминафинале во Лигата на шампионите. Победник на Суперкупот на Франција (8. титула). 2019-2020 - Шампион на Франција (9. титула). Финалист во Лигата на шампионите. Победник на Суперкупот на Франција (9. титула). Победник на Лига купот на Франција (9. титула). Победник на Купот на Франција (13. титула). 2020-2021 - во Лига 1.

Бои, дресови и амблеми Бои Боите на Париз Сен Жермен се сина, црвена и бела.

Дресови

Од почетокот до спојувањето со ФК Париз, Стад Сен Жермен носеле целосно бели дресови.Les guides de L'Équipe, Football 1969, pag. 129. Во 1970 година, новооснованиот Париз Сен Жермен избрал да ги надополни вообичаените бели шорцеви со црвени дресови и сини чорапи, што се боите на Париз. Три години подоцна, дизајнерот Даниел Ештер, новиот сопственик на клубот, создал нов домашен дрес предодреден да стане иконски: тој бил со сина боја со црвена вертикална лента во средината врамена со две бели линии од страните. Овој дизајн бил инспириран од една страна од дресот на Ајакс (Ештер всушност бил обожавател на Јохан Кројф), од друга страна на типичниот лајфстајл на Форд мустанг, кој се одликувал со присуство на контрастна надолжна лента на хаубата на моторот.

Во осумдесеттите години, наследникот Френсис Борели дополнително го изменил дресот, која стана бела со црвена и сина линија лево. По продажбата на пакетот акции на групата Канал +, шемата дизајнирана од Ештер била обновена, која потоа претрпела неколку измени: во 2000-2001 година била отстранета белата рамка, додека од следната година се префрлиле на сè повеќе темносина, како и понекогаш на децентрализирана примена на црвената лента. Од 2009 година па наваму, имало различни експерименти, кои иако скоро никогаш не ја промашиле шемата „сино со црвена лента“ (синиот дрес со црвени „риги“ од сезоната 2009-2010 и црвената дрес од сезоната 2010-2011), тие одбиле креативни и сложени решенија.

На 21 ноември 2015, во спомен на жртвите на терористичките напади во Париз, на дресот што го носеле играчите на ПСЖ на првенствениот натпревар во Лорјан и на двата последователни натпревари, од кои едниот во Лигата на шампионите пишувало JE SUIS PARIS; по трите натпревари дресовите биле продадени, а приходите донирани во добротворни организации.

Амблеми Низ историјата Париз Сен Жермен имал неколку амблеми. На оригиналниот амблем на се наоѓала сина фудбалска топка со структура на шестаголник, со бела „лепенка“ во која имало црвен брод (позајмен од граѓанскиот амблем во Париз), сето тоа се наоѓало над името на клубот кое било испишано со црвени букви. Во 1972 година се појавило ново лого, во центарот на кое претставена со црвена боја се појавува Ајфеловата кула, нацртано со бели линии, додека под неа се наоѓала кралската лулка на Сен Жермен ан Ле (алегорија за раѓањето на францускиот крал Луј XIV). Автор на овој идентитет бил дизајнерот-покровител Даниел Ештер. Во периодите 1982-1986 и 1987-1990, дизајнот на Паркот на принципови бил додаден во долниот дел од логото.