Три вреќи лаги - збирка македонски народни приказни, собрани од Марко Цепенков. Книгата е објавена во 1967 година од издавачката куќа „Мисла“ од Скопје.
Содржина Збирката ги содржи следниве приказни:Марко Цепенков, Три вреќи лаги. Скопје: Мисла, 1967. „Момчето што сакаше да учи женските ѓаолштини“ „Праведна судбина на еден кадија со еден сиромав“ Царо што бараше разумна девојка да земит“ Ум имам пари немам“ „Три вреќи лаги“ „Не за кого је печено, ами за кого је речено“ „Умот и к'сметот“ „Човекот со к'сметот во шупливата цреша“ „Верните кучиња на грешка отепани“ „Мајката што си отру сина си“ „Вези моме, не вези, мртов ти е к'сметот“ „Трите момчиња, царот и к'сметот“ „К'сметлијата што се сторил цар“ „Праведниот чоек што го обесил царо на трипати и се скина ортомата“ „Филозофот и еќимот“ „И пајаго бил создаден од бога да праи добрина“ „Чоеко што милуаше правината и отиде да бара праведен судија во друго царсто и го најде“
Технички податоци Книгата, со обем од 100 страници, е објавена во рамките на библиотеката „Колибри“. Корицата на книгата е дело на Никола Манев, а коректурата ја направил Владо Додовски. Книгата е отпечатена во печатницата „Киро Димитровски-Дандаро“ од Битола, во тираж од 20.000 примероци.Марко Цепенков, Три вреќи лаги. Скопје: Мисла, 1967.
Наводи
Категорија:Македонски фолклор Категорија:Изданија на Мисла Категорија:Книги од 1967 година