Песокот на Иво Џима (англиски: The Sands of Iwo Jima) – американски филм од 1949 година, во режија на Алан Двон според сценариото на Хари Браун и Џејмс Едвард Грант. Главните улоги ги играат: Џон Вејн, Џон Ејгар, Форест Такер и Адел Мејра. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во четири категории.

Содржина Наредникот Џон Страјкер (го игра Вејн) е старомоден човек, убеден дека челичната дисциплина е основен услов за создавање добар војник. Поради таквите сфаќања, тој има многу непријатели меѓу војниците, а најмногу го мрази неискусниот војник Питер Конвеј (го игра Ејгар), потомок на богато семејство и син на офицерот кого Страјкер многу го почитува. Кога воените операции стануваат посериозни, методите на Страјкер се покажуваат како оправдани...

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1949 година Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови со Џон Вејн Категорија:Филмови на Алан Двон