Лерин () — округ во Егејска Македонија, денес Грција. Се наоѓа во северозападниот дел на областа Западна Македонија. Административен центар е градот Лерин.

Во овој округ се смета дека живеат голем број Македонци, а според партијата „Виножито“ тие претставуваат 75 % од вкупното население.Во Центар со Васко Ефтов, Македонците во Грција

Географија Се граничи со окрузите Постол на исток, Кожани на југ, Костур на југозапад, Албанија (окрузите Девол и Горица) на запад, Преспанското Езеро на северозапад и Република Македонија (општините Битола и Ресен) на север. Реката Бистрица тече на југозапад.

Поголеми планини во округот се планините Нередска Планина (2.128 м) на југозапад, Баба (2.117 м) и Ниџе (2.524 м) на североисток.

Демографија Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 70 населени места и сочинуваат околу 69% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 35.500 Македонци.

Земјоделство Земјоделството е една од главните стопански гранки во округот. Главните производствени гранки се пиперки и праски.

Интересни места Скијачки центар „Песодер“ Преспанско Езеро

Комуникации Радио ЕРА Лерин - ЕРА гранка, мреж. место

Соообраќај Низ округот минуваат следниве патни и железнички сообраќајници: Патишта 30п Државен пат ЕО2 (Албанија - Смрдеш - Лерин- Воден - ...) 30п Државен пат ЕО3 (Македонија - Негочани - Лерин - Суровичево - Кожани - ...) 30п Државен пат ЕО 15 (Герман - Костур - ...) Железници Железничка линија Солун-Битола

Општини Округот Лерин се дели на 3 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата)::

Лерин (Флорина) (1) Преспа (Преспес) (3) Суровичево (Аминдео) (2)

Поврзано Лерински дијалект Лерин (општина) Список на села во Лерин Леринско Поле

Наводи

мини|Населени места во Леринскиот Округ со историско-демографски преглед

Надворешни врски

www.florina.gr www.macedonianpark.com www.mcm.aueb.gr Куќите на Лерин

http://directory.google.com/Top/World/Greek/Τοπικά/ ] http://www.istoselides.gr/news/article.php?sid=2319 ]

Категорија:Окрузи во Егејска Македонија