thumb|десно|250px|Алексеј после нападот со боја во Москва (2017)

Алексеј Анатолиевич Навални ( - ) — руски опозициски активист, адвокат, активист против корупција и политичар.

Животопис Од 2009 година станал познат по критиките за корупција на рускиот претседател Владимир Путин. Бил организатор на големите протести против политичката корупција, Путин и неговите коалициони партнери. На 27 април, 2017 година Навални бил нападнат од група непознати лица во близина на канцеларијата на неговата Анти-корупциска фондација. Нападот бил извршен со мешавина од Брилијантно зелена боја. Тој наводно изгубил 80% од видот на десното око.Navalny Accuses Police Of Failing To Investigate Attack, by RFE/RLZelyonka: The Green 'Weapon Of Choice'. На 7 јули, бил ослободен од затворот каде што бил 25 дена. Пред тоа тој бил уапсен во Москва за учество на протести и бил затворен 30 дена за организирање нелегални протести.

Смрт

На 16 февруари 2024 година, Федералната казнено-поправна служба објави дека Навални починал во затворот во Јамало-ненец, по прошетка се почувствувал лошо. Во изјавата на затворот се тврди дека „Сите неопходни мерки за реанимација беа извршени, но не дадоа позитивни резултати... Болничарите ја потврдија смртта на осуденикот“. Портпаролката на Навални на директен пренос рече дека неговиот тим не може да ја потврди неговата смрт додека неговиот адвокат не го посети затворот, но веруваат дека Навални е мртов.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Руски политичари Категорија:Руси со украинско потекло Категорија:Руски блогери