мини|десно|250п|Поглед кон Понтал

Понтал, познат и како Рекрејо дос Бандејрантеш или само како Рекрејо — мал полуостров и плажа во населбата Рекрејо, во западниот дел на Рио де Жанеиро, Бразил, кој привремено се користел за одржување на атлетските натпревари во брзо одење и велосипедската хронометарска трка на Летните олимписки игри 2016.Olympic Games Facilities: Barra Region Rio de Janeiro Olympic venues map

Летни олимписки игри 2016 Велосипедските хронометарски трки во машка и женска конкуренција на Летните олимписки игри 2016 се одржале на 10 август на патеката Грумари во должина од 29,8 км. Почетната точка на трката бил плоштадот Тим Маја (Понталски Пат), потоа трката продолжила на патеката Грумари пред да се стигне до првото искачување по 9,7 км и второто искачување по 19,2 км, а завршната точка била кај Ав Луција Коста во Понтал.2016 Rio Olympics road cycling courses confirmed Хронометар за мажи: 54,5 км (2 круга); и Хронометар за жени: 29,8 км (1 круг).

Патеката во должина од 24,8 км исто така се користела и за друмските трки. Друмска трка за мажи: 99,2 км од 241,5 км (4 круга); и Друмска трка за жени: 49,6 км од 141 км (2 круга).

Патеката за атлетските трки во брзо одење на 20 км и 50 км започнале и завршиле кај Ав Луцио Коста. Натпреварите на 20 км се одржале на кружна патека во должина од околу 1 км околу Ав Луцио Коста и Понталскиот Пат меѓу пресечните точки на улиците Прожектада (запад) и Хелио де Брито (исток). Патеката на 50 км претставувала продолжување на онаа на 20 км за дополнителен 1 км до пресечната точка на Понталскиот Пат и улицата Жералдо Иринео Жофили (запад). Трка на 50 км: 2 км (25 круга); и Трките на 20 км на мажи/жени: 1 км (20 круга).

мини|центар|270п|Олимписката патека Грумари мини|центар|300п|Олимписката друмска патека мини|центар|270п|Олимписката патека Виста Кинеза

Поврзано Атлетика на Летните олимписки игри 2016 Велосипедизам на Летните олимписки игри 2016

Наводи

Надворешни врски Praça do Pontal на Google Maps

Категорија:Атлетика на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Велосипедизам на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Рио де Жанеиро