Бијафра (; ) или Бониски Залив (, ) — залив на западноафриканскиот брег, во најисточниот дел на Гвинејскиот Залив.
Географија Заливот Бијафра или Мафра (наречен по градот Мафра во јужна Португалија), помеѓу ’ртовите Формоса и Лопес, и е најисточниот дел од Гвинејскиот Залив; ги опфаќа островите Фернандо По [Екваторска Гвинеја], Саун Томе и Принсип. Сè до подоцнежниот дел на XIX век името се однесувало и на денешната земја Камерун, но потоа излегло од употреба. На карта од 1710 г. е посочена област „Бијафар“ (Бијафра) на територијата на денешен Камерун.
Заливот се протега на источно од Бенинскиот Залив, од делтата на реката Нигер на север до ’ртот Лопес во Габон."Benin, Bight of." Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica Online Library Edition. Encyclopædia Britannica, Inc., 2013. . Други поважни реки кои се влеваат во заливот се Крос (Ојоно), Вури, Калабар, Ндијан, Вури, Санага, Њонг, Нтем (Кампо), Мбија, Мбини (Бенито), Муни и Комо.
Поголеми острови во заливот се Биоко и Принсип; помали се Бом Бом, Каросу, Голем Елобеј и Мал Елобеј. На него излегуваат Нигерија (источен брег), Камерун, Екваторска Гвинеја (Биоко и Рио Муни) и Габон (северен брег).
Историја мини|десно|250п|Областа Бијафра на територијата на денешен Камерун на карта од 1710 г. Во времето на ропството, од заливот Бијафра се извезени 1,6 милиони робови, што сочинува 13% од обемот на трговијата со робје во Западна Африка. Бенинскиот Залив на запад учествувал со 17%, а подрачјето од средна до јужна Африка со 48% од робовите.
Кон средината на XVIII век, Бони станало значајној роботрговско пристаниште на заливот, надминувајќи ги претходно најпрометните роботрговски пристаништа во Елем Калабари (Нов Калабар) и Стар Калабар (Аква Акпа). Овие три пристаништа имале 90% од обемот во трговијата со робје од заливот Бијафра.
Помеѓу 1525 и 1859 г. главна роботрговска сила во заливот била Британија, од каде се испорачани две третини од робовите во Новиот Свет.
Меѓутоа, во 1807 г. Велика Британија со закон ја забранила меѓународната трговија со робје и ја испратила воената морнарица сосила да ги спречува роботрговците од САД, Франција, Шпанија, Португалија, Холандија, Западна Африка и Арабија.
Earlier, in 1777, Portugal transferred control of Фернандо По и Анобон to Spanish suzerainty thus introducing Spain into the early colonial history of the Bight of Biafra.
На 30 јуни 1849 г. Британците воспоставиле воено влијание врз заливот со изградба на поморска база и конзулат на островот Фернандо По.
На 6 август 1861 г. заливот Бијафра и соседниот Бенински Залив (под управа на британски конзули) се соединиле во еден британски конзулат.
Во 1967 г. Источниот Регион на Нигерија се отцепил од државата и го усвоил името на заливот, прогласувајќи независна Република Бијафра. Државата била краткотрајна поради претрпениот пораз во Ниериската граѓанска војна. Во 1975 г. нигериската влада со указ го сменила името на заливот од Бијафра во Бониски Залив.
Наводи
Поврзано Бенински Залив Гвинејски Залив Нигер (река)
Категорија:Заливи во Атлантскиот Океан Категорија:Гвинејски Залив Категорија:Региони во Африка