Свети Атанасиј (позната и како Свети Атанас) — главна селска црква во поречкото село Ковач.
Црквата е сместена во самото село, во чиј двор се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
Според ктиторскиот натпис, црквата е подигната и живописана во 1626 година.
Архитектура
Црквата претставува еднокорабна градба.
Сликаната програма е вешто приспособена на архитектурата. Меѓу светителите се застапени и српските култови Симеон и Сава (Немањиќ). Сликарството е со слаби уметнички квалитети.
Галерија
Поврзано Ковач Дебарско-кичевска епархија Бродско архијерејско намесништво Манастиречка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ковач (село) Ковач