Воведение на Пресвета Богородица — гробјанска црква и стара манастирска црква на Топлечкиот манастир во селото Јабланица.
Црквата се посетува и во неа се изведува богослужба за време на поголемите празници.
Во кругот на црковниот двор се наоѓаат гробиштата на поголемиот број на семејства од селото.
Местоположба
По својата местоположба се наоѓа во маалото Топлец. Некогаш на овој простор постоеле три цркви во склоп на Топлечкиот манастир.
Историја
Оваа црква се смета за најстаро светилиште во селото Јабланица. За ова во еден документ стои забележано дека камен-темелникот бил положен во летото 1445 година. Црквата е обновена во 1962 година на темелите на постара градба. Завршена е во 1976 година, а осветена во 1978 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Ангелариј.
Архитектура
Во оваа црква може да се забележи скромната внатрешна украсеност со фрески и иконостас, но во 2009 година од црквата беа украдени колекција на вредни икони од познати иконописци помеѓу кои се наоѓала и икона на познатиот Дичо Зограф.
Галерија
Поврзано Струшко архијерејско намесништво Ложанска парохија Јабланица
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Јабланица (село) Јабланица