Успение на Пресвета Богородица — главна манастирска црква на новиот Крапски манастир во поречкото село Крапа.
Црквата е сместена на едно благо возвишување, од каде се пружа поглед на целото село. Самиот манастир, како и црквата, преовладуваат со својата бела боја во селото.
Историја
Црквата била изградена на место каде некогаш се наоѓала стара црквичка. Во 1960 година била осветена со т.н. мало осветување, додека на 24 јули 1977 година била осветена од страна на тивериополскиот епископ во својство на администратор на Преспанско-битолската епархија.
Била подигната благодарение на црковниот одбор во селото, предводен од селанецот Василко Петревски.
Галерија
Поврзано Крапа Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Ропотовска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Крапа Крапа Категорија:Крапски манастир