Босанско Грахово (српски, хрватски, босански: Bosansko Grahovo, Босанско Грахово) — град во Босна и Херцеговина, дел од Кантон 10, кој пак е дел од Федерацијата Босна и Херцеговина. Босанско Грахово е центар на истоимената општина. Градот се наоѓа во близина на границата со Хрватска.
Демографија Според пописот од 1971 година, општината Босанско Грахово имало население од 10,565, меѓу кои:
10,110 Срби (95.69%) 364 Хрвати (3.44%) 14 Бошњаци (0.13%) 37 Југословени (0.35%) 40 др (0.37%)
Според пописот од 1981 година, општината имала население од 9,032 жители, од кои:
7,739 Срби (85.68%) 264 Хрвати (2.92%) 5 Бошњаци (0.05%) 952 Југословени (10.54%) 72 други (0.79%)
Според пописот од 1991 година општината имала население од 8,311 жители, од кои:
7,888 Срби (94.91%) 226 Хрвати (2.71%) 12 Бошњаци (0.14%) 135 Југословени (1.62%) 50 други (0.60%)
Според пописот од 2013 година, општината имала население од 2,449, од кои:
2,028 Срби (82.8%) 393 Хрвати (16%) 6 Бошњаци (0.2%) 22 други (0.9%)
Населени места • Бастаси • Босанско Грахово • Црнац • Црн Луг • Долно Пеуље • Долни Казанци • Долни Тишковац • Дулер • Горно Пеуље • Горни Казанци • Грковци • Исјек • Јаруга • Кесиќи • Корита • Лука • Малешевци • Мало Тичево • Маринковци • Мрачај • Нуглашица • Обљај • Печенци • Пеќи • Преодац • Пржине • Радловиќи • Ресановци • Стожишта • Угарци • Уништа • Велико Тичево • Видовиќи • Засеок • Зебе.
Позначајни личности Драган Раца, кошаркарски тренер Ѓуро Пуцар, политичар Гаврило Принцип, убиец на Франц Фердинанд Ксенија Пајчин, пејач Милан Галиќ, фудбалер
Поврзано Кантон 10 Градови во Босна и Херцеговина
Надворешни врски Мрежно место за Грахово
Категорија:Градови во Босна и Херцеговина Категорија:Херцегбосански кантон