Александар Стеванов, роден на 13 април 1984 година во Штип, е вљубеник во деветтата уметност и македонски стрип-автор. Претежно пишува сценарија за кратки стрипови и се занимава со летеринг и дизајн, но има искуство и со цртање. Стеванов по образование е лекар, а со стрип, како автор, почнува посериозно да се занимава од 2010 година, по една случајна виртуелна средба со сликарката Весна Ничевска. Досега има објавувано во повеќе домашни и странски списанија, меѓу кои „Синдром“, „Стрип творец“, „Чивилук“, „Македонска Ризница“, „Comix“, „Zona Gráfica“, „Parabellum“, „Vojvođanski strip“Александар Стеванов и пријатели, „Стрип Алманах“ бр. 3, „Стрип центар на Македонија - Велес“, Велес, 2017, задна корица и „Ras comic“Александар Стеванов „Гости од Македонија на стрип-колонија во Рашка, Србија“, Македонска Ризница, бр. 51, август 2017, стр. 21, а се потпишува и како комплетен автор на стрипот/сликовницата „Девојче на Месечината“ во издание на „Стрип квадрат“ од Скопје.

Стеванов редовно учествува на меѓународните стрип-фестивали кои се одржуваат во регионот и пошироко, како и на домашните манифестации и групни стрип-изложби, меѓу кои „Македонскиот стрип денес“, „Деветта димензија“, „Фантастика, научна фантастика, митови и легенди“, „Скопје стрип фест“ и други. Тој е добитник на десетина награди, од кои најзначајна е онаа за најдобар балкански стрип-сценарист, освоена на седумнаесеттата Балканска смотра на млади стрип автори, одржана во 2015 година во Лесковац, СрбијаШтипјанецот Александар Стеванов прогласен за најдобар млад стрип сценарист на Балканот , Плус Инфо, 2015 година и на признанието за развој и афирмација на стрипот во Македонија „Љупчо Филипов“.Годинава, Признанието „Љупчо Филипов“ за стрип уметникот Александар Стеванов, Дума, 2017 година Добитник е и на второ место, две трети места, две специјални награди, на една награда за уметнички израз и на награда за сценарио доделени на Меѓународниот стрип салон во организација на Стрип центар на Македонија со седиште во Велес,Започнува меѓународниот стрип салон „Велес 2017“ , Слободен печат, 2017 година на трето место за стриповскиот фонт „Ботин“, освоено на уругвајскиот натпревар „ТипоТајп аворд“, а меѓу тројцата најдобри влегува и на стрип-конкурс распишан во 2017 година од страна на Американско катче - Штип.

Стеванов има работено како дизајнер и летерер на неколку стрип-албуми, меѓу кои „Витези од соседството“ на тандемот Дарко Богданов и Јордан Коцевски и на графичкиот роман „Dan Fadil, Book one: First Light“ во издание на шкотската издавачка куќа „Komic Brew“. Како графички уредник Стеванов се потпишува и на стрип-албумите „Итар Пејо 2“ на Диме Иванов - Димано, „Цар Гаврил Радомир“ на Миле Топуз, „Убавите нешта“ на Раде Дичоски и „Зад црното сонце“ на Срѓан Николиќ - Пека, сите во издание на СЦМ-Велес. Тој е автор на половина дузина стриповски фонтови, дел од кои употребени во стрип-албумите „Војдан“, „Бесмртните“ и „Чуварите на вечната светлина“, како и во два броја на магазинот „Стрип творец“, а свој скромен придонес како летерер односно како дизајнер има дадено и за албумите „Dominos, No. 1“ и „Мрак Хумор Тишина“.

Наводи

Категорија:Македонски автори на стрипови