Хадсел (, ) — општина во округот Нурлан, Норвешка. It is part of традиционалната област Вестеролен. Седиште на општината е гратчето Стокмаркнес. Освен тоа, во општината влегуваат и селата Фискебел, Јерстад, Гренинг, Гритинг, Ханејвика, Хенес, Калјур, Мелбу, Санден и Санднес.
Ова е најјужна општина во областа Вестеролен. Опфаќа четири острови: Хадселеја, Хинеја, Лангеја и Ауствогеја. Околу 70% од населението живее на Хадселеја, кој е поврзан со Лангеја со Хадселскиот и Берејскиот мост. Недалеку се наоѓа и Аеродромот Стокмаркнес, најпрометниот мал аеродром во Норвешка со 100.000 патници годишно (1997).
Хадсел зафаќа површина од и во 2017 г. броел 8.009 жители, што претставува пораст од 1,3% во изминатата деценија. Густината на населеност изнесува 14,5 жители на км2.
Се граничи со општините Суртлан на север, Бе на запад, Воган на југ и Лединген на исток.
Историја Хадсел е основан како општина на 1 јануари 1838 г. Северната општинска околија се одвоила во 1841 г. образувајќи ја новата општина Суртлан. На 1 јануари 1963 г. околијата Внатрешен Ејдсфорд (нас. 1.360) е префрлена во општината Суртлан.
Име Општината го носи името на некогашната парохија наречена по стариот посед со исто име () уште од времето на првоизградената црква (Хадселската црква). Првиот дел е генитив од поимот hǫfði што значи „висока и стрмна спила“, а вториот е segl што значи „едро“ (по блиската спила која наликува на едро)
Грб Грбот на општината е современ, доделен на 11 март 1976 г. и се состои од четири златни прстени на сина заднина, кои ги претставуваат четирите острови на општината.
Цркви Општината има три парохии (sokn) на Норвешката црква, кои се во состав на црковната околија Вестеролен на Серско-хологаланската епархија. Парохиите опфаќаат вкупно пет цркви, од кои по две во Хадсел и Мелбу, и една во Гренинг.
Географија Општината е расположена на четири острови во архипелагот Вестеролен, и тоа: Хинеја, Лангеја, Хадселеја и Ауствогеја. Планината Хигравстинден која лежи на границата со Воган е меѓу највисоките во овие краишта.
Клима
Управа Како и кај сите општини во Норвешка, општинската управа има надлежност над основното образование, здравството (освен болниците), пензиските услуги, невработеноста и другите социјални работи, зонирањето, стопански развој и општинските патишта. Со општината раководи општински совет (Kommunestyre) од 25 членови кој се бира на секои четири години. Советниците меѓу себе бираат градоначалник на општината.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Податоци за општината Хадсел — Централно статистичко биро Слики од Хадсел
Категорија:Општини во Нурлан Категорија:Вестеролен