Петре Шилегов (р. во Скопје) — македонски политичар и правник. Шилегов дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан I“ во 1995 година, и во два мандати бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Во еден мандат бил градоначалник на Град Скопје.

За време на градоначалничкиот мандат на Ристо Пенов, Шилегов бил член на управниот одбор на Комунална хигиена – Скопје. Во 2005 година, тој бил дел од второстепената комисија за жалби по јавни набавки во Владата на Република Македонија. Шилегов во јуни 2013 бил именуван за портпарол на СДСМ, а на парламентарните избори во 2014 станал пратеник како носител на листа во втората изборна единица. Вториот пратенички мандат го освоил на парламентарните избори во 2016 како носител на листа во шестата изборна единица.

На локалните избори во 2017 Шилегов станал градоначалник на Скопје по првиот изборен круг со освоени 141.164 гласови, односно 40 илјади повеќе од неговиот противкандидат Коце Трајановски. Пред да влезе во политиката, Шилегов работел во приватна адвокатска канцеларија како адвокат од областа на стопанското право. Тој е оженет и татко на две деца.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Македонски адвокати Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Градоначалници на Град Скопје Категорија:Пратенички состав 2014-2016 Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје