мини|Старогрчки ракопис од почетокот на Теогонија на Хесиод Старогрчката книжевност се однесува на книжевноста напишана на старогрчки грчки јазик, од најстарите текстови до подемот на Византиското Царство. Најстарите сочувани дела на старогрчката литература се две епски песни Илијада и Одисеја. Овие два епа, заедно со Хомеровите химни и две поеми на Хесиод, Теогонија и Дела и дни, ја сочинуваат основата на старогрчката книжевна традиција.
Лирските поети Сафо, Алкеј и Пиндар биле мошне влијателни во текот на раниот развој на грчката поетска традиција. Есхил е најстариот грчки трагичар чии драми се сочувани до денес. Софокле е познат по неговите трагедии за Едип, особено Кралот Едип и Антигона. Еврипид е познат по своите драми со кои често ги турка границите на трагичниот жанр. Комедиографот Аристофан пишувал во жанрот на Старата комедија, додека подоцна драматургот Менандар бил зачетникот на Новата комедија.
Историчарите Херодот од Халикарнас и Тукидид, кои и двајцата живееле за време на 5 век п.н.е, ги запишале настаните кои се случиле непосредно пред и за време на нивниот живот. Филозофот Платон напишал дијалози, обично фокусирани околу неговиот учител Сократ, кои се занимаваат со различни филозофски теми, додека пак, неговиот ученик Аристотел напишал бројни трактати, кои подоцна станале многу влијателни.
Подоцнежни важни писатели се Аполониј од Родос, кој го напишал Аргонаутика, епска песна за патувањето на Аргонаутите, Архимед, кој напишал математички трактати, и Плутарх, кој главно пишувал биографии и есеи. Писателот од вториот век Лукијан бил хеленизиран Сириец, кој главно пишувал сатири.
Старогрчката литература имала големо влијание врз подоцнежната грчката литература а воедно и на цела западната книжевност. Многу римски автори црпеле инспирација од нивните грчки претходници. Уште од ренесансата, европските автори, вклучително Данте Алигиери, Вилијам Шекспир, Џон Милтон, и Џејмс Џојс, своите теми и мотиви ги црпеле од старогрчката книжевност.лево|мини|278x278px|Линеарно Б писмо од Археолошкиот Музеј на Микена Предкласична и класична антиката
Овој период од грчката книжевност се протега од Хомер до 4 век п.н.е и подемот на Александар Велики. Најстарите познати грчки ракописи се микенски, напишани на линеарно Б писмо, на глинени таблици. Овие документи главно се трговски записи (списоци, залихи, прием на роба итн.). Тука не е откриена вистинска литература. "The glimpse we have suddenly been given of the account books of a long-forgotten people..." Неколку теории постојат за да се објасни ова чудно отсуство. Една од нив е дека микенската книжевност, како и делата на Хомер и други епски песни, се пренесувале усно, бидејќи линеарното слоговно писмо не било прилагодено за запишување на грчките гласови (види: Фонемски принцип).
Грчката книжевност се одвивала во добро дефинирани книжевни жанрови, а секој од нив има формална структура, како по дијалект така и по метрика. Првата поделба е на проза и поезија. Во рамките на поезијата имало три големи жанрови: еп, лирика и драма. Заедничката европска терминологија за литературните жанрови директно произлегува од старогрчката терминологија. Лириката и драмата понатаму биле поделени на повеќе жанрови: лириката на четири (елегии, јамби, монодична лирика и хорска лирика); драмата во три (трагедија, комедија и пастирална драма). Во прозната литература имало повеќе слобода. Главните области биле историографијата, филозофијата и политичката реторика.
Епска поезија
Хомер На почетокот на грчката книжевност стојат две монументални делата на Хомер, Илијада и Одисеја. Хомер е обвиткан во мистерија. Иако денес делата му се припишуваат нему, сигурно е дека нивните корени датираат далеку пред неговото време (види: Прашањето околу Хомер). Илијада е приказна во една епизода за десетдневниот период на крајот на десетгодишната Тројанска војна. Централен лик е Ахил,, кој отелотворува грчки јуначки идеал.Guy Hedreen, "The Cult of Achilles in the Euxine" Hesperia 60.3 (July 1991), pp. 313–330. мини|Слика од францускиот неокласицистички уметник Тома Дежорж на која е насликана последната сцена од 22 книга на Одисеја каде Одисеј ги убива додворувачите на Пенелопа.|291x291пкс Одисеја е приказна за авантурите на Одисеј, еден од борците во Троја. По десет години борба во војната, истрошил уште десет години пловејќи накај дома за да ѝ се врати на неговата сопруга и семејството. Пенелопа се смета за женски идеал. Хомер неа ја прикажал како идеална жена која се одликува со посветеност, скромност, невиност и почит за време на нејзиниот брак со Одисеј. За време на неговите десет години патување, тој ги загубил сите негови другари и бродови и дома на Итака се вратил преправен во питач. И двете дела се врз основа на древни легенди. Приказните се раскажани на едноставен и директен јазик. Хомеровиот дијалект бил архаичен јонски дијалект со елементи на еолиски дијалект и атички дијалект. Последново се должи на атинското издание од 6-от век п.н.е. Епскиот стих бил хексаметар
Хесиод Друг голем поет на предкласичниот период бил Хесиод. За разлика од Хомер, Хесиод зборувал за себе во неговата поезија.J.P. Barron and P.E. Easterling, "Hesiod" in The Cambridge History of Classical Literature: Greek Literature, P. Easterling and B. Knox (eds), Cambridge University Press (1985), page 92 Сепак, ништо не е познато за него од некој надворешен извор. Тој е роден во Беотија во централна Грција, и се смета дека живеел и творел околу 700 година п.н.е.West, M. L. Theogony. Oxford University Press (1966), page 40 Двете поеми на Хесиод се Дела и дни и Теогонија. Дела и дни е верен опис на селскиот живот во сиромашна земја, живот кој нему му бил добро познат, и за кој утврдува принципи и правила за земјоделците. Теогонија е дело за создавањето на боговите. Тоа сликовито го опишува човештвото, почнувајќи уште од Златното доба.Jasper Griffin, "Greek Myth and Hesiod", J. Boardman, J. Griffin and O. Murray (eds), The Oxford History of the Classical World, Oxford University Press (1986), page 88
Делата на Хомер и Хесиод биле исклучително почитувани низ антиката и од голем број антички автори се сметале за фундаментални текстови на древната грчка религија "... These traditions were first recounted only orally as there was no sacred text in Greek religion and later, attempts were made to put in writing this oral tradition, notably by Hesiod in his Theogony and more indirectly in the works of Homer. Хомер раскажал приказна за херојско минато, а Хесиод раскажувал за практичната реалност на современиот секојдневен живот.мини|Слика од англискиот сликар Сер Лоренс Алма-Тадема (19 век) на која е насликана поетесата Сафо како со восхит гледа додека поетот Алкеј свири на лира.|276x276пкс Лирска поезија Лирската поезија го добила своето име од фактот дека првично се пеела од поединци или од хор во придружба на инструментот наречен лира. И покрај името, лирската поезија во оваа општа смисла била поделена во четири жанрови, од кои две не беа придружени со китара, туку со флејта. Овие два жанра биле елегиска поезија и јамбиска поезија. И двата се напишани на јонски дијалект. Елегиските песни биле напишани во елегичен дистих а јамбиските песни биле напишани во јамбиски триметар. Првиот од лирските поети веројатно бил Архилох од Парос, околу 700 година п.н.е, најзначаен јамбиски поет.J. P. Barron and P. E. Easterling, 'Elegy and Iambus', in The Cambridge History of Classical Literature: Greek Literature, P. Easterling and B. Knox (ed.s), Cambridge University Press (1985), page 117 Од неговото дело останале само фрагменти како што е случај со повеќето од поетите. Неколку зачувани поеми укажуваат на тоа дека тој бил огорчен авантурист, кој водел многу бурен живот.David A. Campbell, Greek Lyric Poetry, Bristol Classical Press (1982) page 136
Многу лирски песни биле напишани на еолски дијалект. Лирските песни често имале многу различна поетска метрика. Најпознати лирски поети биле т.н."Деветте лирски поети."J. M. Edmonds - Lyra Graeca (p.3) Wildside Press LLC, 2007 [Retrieved 2015-05-06] Од сите лирски поети, Сафо на Лезбос (в. 630-в. 570 п.н.е) била далеку најпочитувана. Во антиката, нејзините песни ја имале истата почит како песните на Хомер.Hallett, Judith P. (1979). "Sappho and her Social Context: Sense and Sensuality". Signs. 4 (3). Само една од нејзините поеми, "Ода за Афродита," преживеала до денес во својата изворна форма.Rayor, Diane; Lardinois, André (2014). Sappho: A New Edition of the Complete Works. Cambridge: Cambridge University Press. . По Сафо, нејзиниот современик Алкеј од Лезбос бил исто така значаен за монодиската лирска поезија. Поезијата на Алкман се сметала за убава, иако тој пишувал исклучиво на дорски дијалект, што нормално се сметал за непријатен за слушање.Pausanias 3.15.2 . Подоцна, поетот Пиндар од Теба бил познат по неговата хорски лирски поезија.M. Davies's "Monody, Choral Lyric, and the Tyranny of the Hand-Book" in Classical Quarterly, NS 38 (1988), pp. 52–64.
Драма Сите дела на грчката драма се од драматурзи од Атина и се напишани исклучиво на атички дијалект.|access-date= requires |url= (help) Хорските настапи биле заедничка традиција во сите грчки градови-држави. Атињаните за основоположник на драмата го сметаат Теспис кој ја измислил драмата со воведување на првиот актер, чија основна цел била да комуницира со предводникот на хорот.Buckham, Philip Wentworth, Theatre of the Greeks, Cambridge : J. Smith, 1827. Подоцна драмите го прошириле бројот на глумци на три, овозможувајќи поголема слобода во раскажување.|access-date= requires |url= (help)
Во ерата после Грчко-персиските војни, будењето на националниот дух на Атина бил изразен во стотици трагедии врз основа на херојски и легендарниот теми од минатото. Трагичните драми произлегле од едноставни хорски песни и дијалози прикажувани на фестивалите посветени на богот Дионис. Во класичниот период, изведбите вклучувале три трагедии и една пасторална драма, кои отсликуваат четири различни епизоди на ист мит. Богатите граѓани биле избрани да ги сносат трошоците за костимите и вежбањето на хорот како нивна јавна и верска должност. Присуството на фестивалот се сметала како чин на обожување. Настапите се изведувале во голем амфитеатар посветен на Дионис во Атина. Поетите се натпреварувале за награди коисе давале на најдобрите претстави.|access-date= requires |url= (help)лево|мини|285x285px|Медеја го убива својот син (сцена од Еврипидовата Медеја), црвенофигурална амфора, околу. 330 п.н.е., Лувр (К 300)Сите целосно преживеани грчки трагедии им се припишуваат на Есхил, Софокле или Еврипид. Авторството на Окованиот Прометеј, кој традиционално му се припишува на Есхил,Griffith, Mark. The Authenticity of the Prometheus Bound. Cambridge, 1977. и Рес, кој е традиционално припишана на Еврипид, се спорни.Walton, J. Michael, Euripides Our Contemporary, University of California Press, 2009, . Постојат седум преживеани трагедии кои му се припишуваат на Есхил. Три од овие драми, Агамемнон, Покајници, и Еумениди, прават трилогија позната како Орестија.Burke, Kenneth (1952). "Form and Persecution in the Oresteia". The Sewanee Review. 60 (3: July – September): 377–396. . Сепак, една од овие драми, Окованиот Прометеј, може да е дело на синот на Есхил, Еуфорион.West, M.L. Studies in Aeschylus. Stuttgart, 1990.