Ѓупско Кале — археолошко наоѓалиште во прилепското село Слепче. Претставува тврдина од доцно хеленистичко време. Се наоѓа на височинка, која e на 1,2 км југоисточно од селото и источно од врвот Соколички Камен. Тука се видливи остатоци од мала тврдина. Просторот, голем околу 1 хектар, е опколен со одбранбен бедем граден од кршен камен без варов малтер. Во неговата внатрешност, по површината се гледаат грамади од градежен материјал и голем број фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и покривни ќерамиди. Кај Милан Бошкоски од селото се чуваат повеќе антички монети најдени во ова наоѓалиште, меѓу кои една од македонскиот крал Персеј (178-168) и една со портрет на Јанус на аверсот, искована во Тесалоника.

Поврзано Бара — некропола од римско време; Два Даба — населба од римско време; Крст — некропола од римско време; Манастириште — населба од римско време; Селиште — населба од римско време; Селска Црква — осамени наоди од римско време; Стара Река — осамен наод од римско време; Старо Гумно — некропола од римско време; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Слепче (Прилепско)