Селиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Слепче. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на 2 км северно од селото, каде по површината на нивите се среќаваат голем број фрагменти од керамички садови, имбрекси и градежен материјал, а се насетуваат и темели од објекти.
Поврзано Ѓупско Кале — тврдина од доцно хеленистичко време; Старо Гумно — некропола од римско време; Бара — некропола од римско време; Црквиште — базилика од старохристијанско време; Два Даба — населба од римско време; Манастириште — населба од римско време; Селска Црква — осамени наоди од римско време; Стара Река — осамен наод од римско време; Крст — некропола од римско време; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Слепче (Прилепско)