Свети Никола — главна селска црква во горнореканското село Врбен. Црквата е сместена во крајниот западен дел од селото.

Историја Црквата е изградена во текот на XIX век.Арсоска, Е.. „Зборуваме албански, но ние сме Македонци и мајчин јазик ни е македонскиот! “. Вечер. 27 ноември 2014.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа, со полукружна апсида во задниот дел. Изградена е од камен и е покриена со лимен кров. Влезната врата е изработена од дрво, а на ѕидот непосредно над неа е изрезбан натпис, над кој е закачена икона на Свети Никола. На сите страни од црквата има бројни квадратни прозорци и монофори. Камбанаријата се издига непосредно пред влезната врата и нејзината градба е прилепена до онаа на црквата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Првиот е во висина на влезната врата од црквата и е отворен од сите четири страни, при што една од нив води кон внатрешноста на црквата. Вториот дел се издига во продолжение. Тој има осумаголна основа и е обоен во бела боја. Во неговиот горен дел е забележително што на секоја од осумте страни има по една затворена монофора. Камбанаријата е покриена со полукружен лимен кров над кој има крст. Дворот на црквата е ограден со камена ограда.

Галерија

Поврзано Врбен Полошка епархија Гостиварско архијерејско намесништво Мавровска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Врбен Врбен Категорија:Дела на Дебарската школа