Слатинска Река — река која извира на источните падини на планината Челоица, на надморска височина од 1.720 метри. Поминува низ селото Слатина, по кое го добила и своето име. Се влева во реката Треска, на надморска височина од 510 метри.
Реката е долга 9,3 километри и претставува лева притока на Треска. Вкупниот пад меѓу котата на изворот и на вливот е најголем од сите притоки на реката Треска.
Поврзано Слатина Треска
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Слатина (Порече) Категорија:Притоки на Треска