Белград (српски: Београд или Beograd) е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Населението во Белград брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,65 милиони луѓе. Тоа е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт.

Првите населби во регионот на Белград биле во предисториската Винча околу 4800 п.н.е. Градот бил населен во 3 век п.н.е. од Келтите, а по доаѓањето на Римјаните станал римска колонија во провинцијата Мизија и бил наречен Сингидунум. Се смета за еден од најстарите европски градови, бидејќи неговата историја е подолга од 7000 години. Словенското име Белиград за првпат се споменува на 16 април 878 година од н.е., во една преписка помеѓу папата Јован VII и бугарскиот кнез Борис I. Белград за првпат станал главен град на Србија во 1403 година. Во својата многугодишна историја, бил освојуван од преку 40 војски: римски, византиски, бугарски, унгарски, отомански итн. Бил главен град на различните форми на Југославија од 1918 до 2003, како и на државната унија на Србија и Црна Гора од 2003 до 2006 година.

Белград има статус на посебна територијална единица во Србија, со посебна автономна градска власт. Територијата на Белград е поделена на 17 општини, од која секоја има свој локален совет. Белград зафаќа преку 3,6% од територијата на Србија и 21% од српското население (без населението на Косово), живее во градот. Претставува економски центар на Србија и главен град на српската култура, образование и наука.

Историја

Во строгиот центар на Белград, под денешната палата Албанија за време на нејзината изградба во 1938 е пронајден скелет на неандерталец кој загинал во борба со мамут чиј скелет е исто така пронајден во близина.Ова говори дека Белград бил населен уште од праисториската доба. Подоцна на просторот на Балканскиот Полуостров пред 7.000 години се развила Винчанската култура па така нејзините остатоци можат да се пронајдат и во околината на Белград кај истоимената населба. Тој простор е населен уште од 3. век п.н.е. од страна на Келтите и набрзо премунува во рацете на Римјаните и станува населба Сингидунум. За време на прогонот на христијаните кој се случил во текот на владеењето на царот Диоклецијан во Сингидунум се спомнуваат првите христијански маченици. Со поделбата на Римското Царство останува под контрола на Византија.

Среден век

мини|210п|л|Турска опсада на Белград 1456. Сингидунум го освојувале многу освојувачи како на пример Хуните, Сарматите, Острогите и Аварите- пред доаѓањето на Словените во 630. година од нашата ера. Првите записи за словенското име Белград датираат од 878. година. (словенски облик Бјелград), за време на владеењето на Првото Бугарско Царство упатувајќи на впечатокот за тврдината составена од бел камен гледана од страна на реката и Панонската Низина. Градот останал предмет на несогласување меѓу Византиското царство, Унгарија и Бугарија наредните четири века.

Градот преминува под српска власт како дел од Срем во 1284. година. Првиот српски крал кој владеел со Белград бил Стефан Драгутин (1276—1282), владетел на кралството Долен Срем (Мачва). По големите порази во Косовската битка 1389. година, српското царство започнува да се распаѓа а неговите јужни делови со голема брзина преминуваат во рацете на Турците Османлии. Сепак северот на српското царство долго време одолевал на нападите. Српскиот деспот Стефан Лазаревиќ го добил Белград од угарскиот и римскиот крал Жигмунд Луксембуршки, откако станал негов вазал. Во 1405 година Стефан Лазаревиќ го прогласил Белград за своја престолнина. Во наредниот период Белград доживеал голем подем. Повторно биле утврдени старите ѕидини на градот, заедно со замоците, а црквите и тврдините биле обновени, што му помогнало на градот да одолее на нападите на Турците дури 70 години.

Во ова време Белград станал прибежиште на многу балкански народи кои бегале од осмалиската власт. Се верува дека бројот на жители во овој период достигнал и до 40.000-50.000. Турците сакале да го покорат Белград затоа што тој им претставувал главна препрека во нивните понатамошни походи кон Средна Европа. Турците го нападнале градот во 1456. година кога се одиграла познатата Опсада на Белград каде христијанската војска под водство на Сибињанин Јанко успешно го одбраниле градот од турските напади.

Географија

230п|мини|л|Сателитска слика на Белград 230п|мини|л|Сливањето на Сава и Дунав Белград се наоѓа на 116,75 метри надморска височина. Историското јадро на Белград ( денешна Белградска тврдина) се наоѓа на десниот брег на реката Сава. Во состав на Белград се и Нов Белгад и Земун кои се наоѓаат на левиот брег на реката Сава, а со тоа и во Средна Европа. Градот лежи на устието на реките Дунав и Сава. Урбаната површина на градот изнесува 359,92 км2. Белград се наоѓа на раскрсницата на западната и источната европска култура.

Клима

Белград има умерено континентална клима. Просечната годишна температура е 12,3 °C. Најтоплиот месец е јули,со просечна температура од 21,8 °C,додека пак најладен месец е јануари со просечна температура од 0,6 °C. Белград во просек има околу 25 дена во годината со темепература преку 30 °C. Просечната годишна количина на врнежи е 680 милиметри. Годишно Белград има околу 2.025 сончеви часа, со јули и август како најсончеви, а декември и јануари како најмрачни месеци со само 2—2,3 сончеви часа дневно.

Општини Градот е поделен на 17 општини.

Општина Површина (km2) Население (2011) Густина на население (на km2) Бараево 213 27,110 127 Чукарица 156 181,231 1,162 Гроцка 289 83,907 290 Лазаревац 384 58,622 153 Младеновац 339 53,096 157 Нов Белград 41 214,506 5,232 Обреновац 411 72,524 176 Палиула 451 173,521 385 Раковица 31 108,641 3,505 Савски Венец 14 39,122 2,794 Сопот 271 20,367 75 Стари Град 5 48,450 9,690 Сурчин 285 43,819 154 Вождовац 148 158,213 1,069 Врачар 3 56,333 18,778 Земун 154 168,170 1,092 Звездара 32 151,808 4,744 Вкупно 3,227 1,659,440 514

Демографија Според пописот од 2011 година, во градот Белград живееле 1.166.763 жители. На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот: народвкупен број% од вкупното населениеСрби1.050.21390 %Роми16.8461,4 %Црногорци8.4540,7 %Југословени7.3120,6 %Хрвати6.6190,6 %Македонци5.5450,5 %Горанци3.3940,3 %Муслимани3.0840,3 %неизјаснети32.3462,8 %Вкупно1.166.763100 % Во територијалната единица Град Белград која се состои од 17 општини живеат 1.659.440 жители (2011 г.)

Знаменитости

Храмот Свети Сава Храмот Свети Сава во Белград е најголем српски православен храм, и воедно најголем православен храм на Балканот. Тој се наоѓа во источниот дел на Светосавскиот плоштад, во општината Врачар, во Белград. Подигнат е на местото за кое се сметало дека Коџа Синан-паша во 1594 година ги запалил моштите на Свети Сава, основачот на Српската православна црква. Изградбата на храмот била финансирана со собирање на доброволни прилози, како и со плаќање на поштенски марки. Недалеку од храмот е парохијскиот дом, а тука се наоѓа и предвидената зграда на патријаршијата. Овој спомен-храм претставува органски дел на современата живописна силуета на Белград, сочинувајќи едно од неговите главни обележја.

Архитектура мини|лево|300п| Храмот Свети Сава во ноќ мини|300п|Панорама на светосавскиот плоштад: Храмот Свети Сава, споменик на Караѓорѓе Петровиќ и Народна библиотека на Србије. Храмот се наоѓа на крајот на белградската линија Калемегдан - плоштадот република - Теразије - Белграѓанка - Храмот Свети Сава. Изграден е во српско-византиски стил, со четири ѕвона високи 44 -{m}-. Висината на врвот на куполата изнесува 70 -{m}-, додека е главниот позлататен крст висок е уште 12 -{m}-, што му дава на врвот на храмот вкупна висина од 82 -{m}-, а надморска висина од 134 -{m}- (64 -{m}- над нивото на реката Сава). Поради тоа оваа црква зазема истакнато место на белградскиот хоризонт и видлива е од сите влезови на градот. мини|Зградата на Филозофскиот факултет

Култура мини|Народниот театар (Народно позориште) во Белград, Србија мини|Споменик на Петар Петровиќ Његош

Белград како тема во уметноста и популарната култура Белград како тема во книжевноста „Дорќол“ (српски: Дорћол) — збирка раскази на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 1981 година.„O piscu“, во: Svetlana Velmar-Janković, Dorćol, Treće izdanje. Beograd: Laguna, 2014, стр. 219. „Врачар“ — збирка раскази на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 1994 година. „Маѓепсани очила: раскази за Белград“ (српски: Очаране наочаре: приче о Београду) - збирка раскази на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 2006 година. „Портата на Балканот: брз водич низ минатото на Белград“ (српски: Капија Балкана: брзи водич кроз прошлост Београда) — монографија на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 1981 година.„O piscu“, во: Svetlana Velmar-Janković, Dorćol, Treće izdanje. Beograd: Laguna, 2014, стр. 220. „Калемегдан“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, Стерна. Скопје: Мисла, 1966, стр. 13-14. „Белградски приказни“ (српски: Београдске приче) — збирка раскази на српскиот писател Симо Матавуљ. „На Калемегдан“ (српски: Na Kalemegdanu) — песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 14. „На Калемегдан“ (српски: На Калемагдану) — песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 83-84. „Белград“ - песна на српската поетеса Гордана Пешаковиќ од 2010 година.Гордана Пешаковић, Чуварима лепоте. Београд: Логос, 2010. „Враќање во Белград“ (српски: Повратак у Београд) — песна на српскиот поет Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 125. „Горна тврдина“ (српски: Горња тврђава) — песна на Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 126. „Теразие“ (Теразије) — песна на Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 127. „Врачар Поле“ (српски: Врачар поље) — песна на Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 128. „Небојша Кула“ - песна на Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 129. „Белград“ (српски: Београд) — песна на Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 131.Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 120-121. „Нови белградски приказни“ (српски: Нове београдске приче) — збирка раскази на српскиот писател Милорад Павиќ од 1981 година.„Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.

Белград како тема во музиката „Лето на Ада“ (српски: Leto na Adi) — албум на српската рок-група Блок аут (Block Out) од 1994 година.YouTube, Block Out - Leto na Adi (пристапено на 30.8.2017) „Ноќва се пали Белград“ (хрватски: Noćas se Beograd pali) — песна на хрватската рок-група Грч.Various – Rijeka-Paris-Texas (пристапено на 8.7.2023) „Белград“ (српски: Beograd) — песна на југословенската рок-група Фит од 1988 година.YouTube, FIT - Beograd (пристапено на 8.4.2017)

Белград како тема во филмот „Полицаецот од Петлово Брдо“ (српски: Полицајац са Петловог брда) - српски и југословенски филм од 1992 година, во режија на Михаило Вукобратовиќ.IMBd, The Policeman from the Cock's Hill (1992) (пристапено на 11.12.2017)

Наводи

Надворешни врски Информации за Белград на англиски и српски Време во Белград Ноќниот живот во Белград

Категорија:Главни градови во Европа Категорија:Управни окрузи во Србија Категорија:Населени места на Дунав Категорија:Носители на Легијата на честа Категорија:Градови-херои на СФРЈ Категорија:Статистички региони во Србија Категорија:Населени места основани во 3 век п.н.е.