Мула () - персиска верска титула која доаѓа од зборот „маула“ (учител) и ги означува најниските шиитски верски претставници. мини|лево|Мула се моли во Имамзаде Хамза, Табриз, Иран Мулата има доволно теолошко знаење за да може да посредува во расправи, но не е школуван во долгогодишното образование (15 до 18 години), кое е значајно во шиитскиот Иран и ја отвора вратата во вишата хиерархија, хиерархија на муџехидите, кои се овластени како ајатоласите, самостојно да одлучуваат во правно-верските расправи. Овластувањата на мулите се слични со овластувањата на сунитските улеми.

Иранската револуција од 1979 година делумно е последица на делувањето на мулите.

Поврзано Имам Калиф Улема Кадија Муфтија Шеик Ајатолах

Надворешни врски

International Imam Organization

Категорија:Ислам Категорија:Титули Категорија:Верски занимања Категорија:Арапски зборови Категорија:Турцизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ