Џезаир Реџепи (албански: Xhezair Rexhepi; Тануше, ) — македонски сликар, вајар и конзерватор.

Животопис Реџепи е роден во село Тануше, Горна Река на 2 септември 1983 година. Акaдемската наобразба ја добил на Факултетот за ликовни уметности во Тетово, a по завршувањето на Факултетот за ликовни уметности, својата работа од 2011 година ја посветил во Конзерваторскиот центар во Гостивар, но паралелно со конзерваторската активност забележително е и негово авторско творештво. Првата негова самостојна изложба била во Скопје во Културно информативниот центар во 2016 година, но изложувал и во Чифте амамот во 2017 година. Живее и твори во Гостивар.

Наводи

Надворешни врски Еден ден со: Џезаир Реџепи - конзерватор, уметник — интервју на Gostivarpress

Категорија:Луѓе од Тануше Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски вајари