мини|десно|исправено|220п|План на наоѓалиштето Калата. Освен островот, прикажан е потопениот дел од крепоста. Калата — остров (и повремен полуостров) во средиштето на Калиманското Езеро со површина од 1,59 хектари и место на древен утврден рударски град. Сместен е во атарот на с. Дулица во Општина Македонска Каменица, на почетокот од заливот вовлечен кон градот Македонска Каменица. Ова е единствен остров во источна Македонија, иако повремено во истото езерото се појавува мало островче кај с. Тодоровци, со површина од 0,2 ха.

Историја На островот и неговата околина, меѓу реките Брегалница и Каменичка бил расположен утврден град уште од римско време, од кој денес само една петтина е над водата, и зафаќал површина од 5,3 ха и се води под археолошката целина „Луковица“. Според една претпоставка, Калата е добиено од калајот кој се вадел од ова место, заедно со златната руда, но поверојатно е дека доаѓа од поимот „кале“. Остатоците кои се присутни денес се доцноантички, изградени со обнова на обѕидието на основа на римските градби. На јужното подножје на сегашниот остров е откриена ранохристијанска црква, а на само еден километар од неа и базилика — обете од V век.Калиманци — Tourguide.mk

На просторот се среќаваат разни керамички садови, питоси и доста градежен материјал. На околу 500 м северно од островот се откриени и повеќе гробови.

Физички особености Калата е долга 300 м во правец североисток-југозапад, со најголема ширина од 75 м и најголема висина од 15-25 м, зависно од нивото на водата. Бреговата линија е долга 550 м.

Островот е оддалечен 100-150 м од копното. Лете водата се намалува и островот станува полуостров, поврзан со копното на североисток.

Растителен и животински свет Калата е покриена со дабова шума и бујна трева, и има разновиден животински свет од водоземци, влекачи и птици.

Поврзано Калиманско Езеро Острови во Македонија

Наводи

Надворешни врски Приказна за Калата — портал „Каменица“ Луковица во Средновековни градови и тврдини во Македонија од И. Микулчиќ

Категорија:Острови во Македонија Категорија:Полуострови во Македонија Категорија:Дулица Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Македонска Каменица Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на градиште