Бежанската Маала — една од неколкуте маали во Струмица. Таа се наоѓа во средишниот дел на градот, простирајќи се по улицата „Крушевска република“.

Со завршувањето на Балканските војни, во новозаземените територии на Грција по Втората балканска војна, започнал Белиот терор. Голем дел од населението од Кукуш и Кукушко избегало во Струмица, тогаш сеуште дел од Царството Бугарија, а најголем дел од бегалците, месно наречени „бежанци“, се населиле токму во овој дел од градот. Поради нив денес ова маало го носи името Бежанска Маала, а исто така постои Бежански парк. Во 2010 година, во ова маало бил откриен Споменик на децата бегалци.

Наводи

Категорија:Маали во Струмица Категорија:Втора балканска војна Категорија:Македонија во Балканските војни Категорија:Појавено во 1913 година во Македонија Категорија:Појавено во 1913 година во Бугарија