Мариовска Котлина — нетипична котлина во Јужна Македонија, во средното течение на Црна Река. Се протега од Скочивир до Галиште, ограничено со водоразделните линии кои водат по планината Ниџе со Кајмакчалан и Козјак од десната и Селечка Планина и Дрен од левата страна на Црна Река. Зафаќа површина од , иако Мариовската Котлина повеќе е речно ерозивно проширување отколку типична котлина.

Висината на теренот во котлината се движи од 350 до 2.520 м, но најголемиот дел е на висина од 600 до 1.100 м, што укажува на тоа дека релјефот е обликуван од речни теченија. Доказ за ова е и отсуството на рамничарски предели.

Административно, котлината припаѓа на Општина Прилеп и Општина Кавадарци.

Поврзано Мариово Тиквешка Котлина Скочивирска Клисура

Наводи

Категорија:Котлини во Македонија Котлина Категорија:Општина Прилеп Категорија:Општина Кавадарци