Алва — вид слатко, кое постои во повеќе варијанти низ Блискиот Исток, Јужна Азија, Средна Азија, Западна Азија, Кавказот, Северна Африка, Балканот, Средна Европа, Источна Европа, Малта и низ еврејската дијаспора. Идентични слатки постојат и во други земји, како Кина, иако не се нарекуваат како „алва“.
Во суштина може да има два вида: Засновани на брашно овој вид на алва е малку желатинизирана и се прави од брашно, вообичаено гриз. Засновани на таан овој вид на алва е трошлив и се прави од таан (паста од сусам) или други путери, како сончогледово семе. Алвата исто така, може да биде врз основа на разни други состојки, вклучително грав, леќа, и зеленчук како моркови, тикви, компир.
Може да се чува на собна температура со мал ризик за расипување. Меѓутоа, во летните месеци, најдобро е да биде чувана во фрижидер.
Потекло на поимот Зборот алва постои во речиси сите јазици и потекнува од турскиот збор helva кој е преземен од арапскиот حلوى ḥalwá, слатка. Арапскиот корен حلو ḥelw значи "благ".Halvah, Random House Dictionary, 2009 Во западниот свет, зборот за првпат се појавил во речникот помеѓу 1840 и 1850, при допир со јудиш зборот ''halva''.
Видови мини|257.997x257.997пкс|Алва од пченично брашно од Салем Повеќето видови алва се релативно густи засладени со шеќер или мед. Нивните текстури се различни. На пример, алвите од гриз се желатинозни и проѕирни, додека алвите од сусам (таан) се посуви, потврди и се ронат.
Од брашно Овој тип на алва се прави со пржење на брашно (на пример гриз) во масло со постојано мешање а потоа му се додава шербет. Ваква алва е популарна во Индија, Грција, Ерменија, Иран, Азербејџан, Турција, Сомалија, Пакистан и Авганистан.
Гриз мини|220.994x220.994пкс|Турска алва врз основа на брашно
Овој тип на алва се прави и се служи во Индија, Авганистан, Непал, Пакистан и околните земји (различни верзии има во Албанија, Азербејџан, Бангладеш, Бугарија, Кипар, Грција, Црна Гора, Македонија и Турција). Обично се приготвува со гриз, со шеќер или мед, со путер или со растително масло. На алвата од гриз честопати ѝ се додава суво грозје, урми, други сушено овошје или јаткасти плодови, како бадеми или ореви. Алвата е многу блага, со желатинозна текстура слична на палента. Стандардните пропорции за гриз алва се: еден дел масло (растително масло или путер), два дела гриз, два дела засладувач (шеќер или мед), и четири дела вода. Во Македонија оваа алва, освен другите називи согласно регионот, честопати се нарекува Алва 1234 токму поради начинот на подготовка. Гризот (2) се запржува во маслото (1), додека шербетот е направен со шеќерот (3) и водата (4). Потоа тој полека се додава додека се меша внимателно па според вкус се додаваат дополнителните состојки. Алвата е со светло беж боја и доста мека. Во зависност од рецептот и од вкусот, може да се готви и понатаму, при што станува потемна и поцврста.
Во Индија, алвата од гриз (suji) се подготвува во разни форми. Во рецептот се користи брашно, растопен и процеден путер (ghee), шеќер и багремова гума (гума арабика, познат како динка, гонд или камарка). Алвата се прави во разни бои: портокалова, кафена, зелена и бела, проѕирна е и во неа се става суво грозје, кашу ореви, фстаци, бадеми, итн. Во Индија со гриз се приготвува и една друга популарна слатка која се нарекува кесари (kesari) која потекнува од државата Карнатака.
Други популарни рецепти за алви во Индија и Пакистан се оние на основа на зеленчук во кои наместо гриз се употребува репа, компири, сладок компир и најчесто моркови (познат рецепт е: gajar halwa), златниот грав (moong dal halwa), или тиква (doodi halwa). Ваква алва се подготвува со кондензирано млеко и процеден путер.
Густин Алвата од густин е популарна во Грција и има многу варијанти. Најпознат е рецептот за фарсала Оваа алва има желатинска структура, многу е блага и полиена е со сируп од карамела.
Оризово брашно Алвата од оризово брашно и кокосово млеко е популарна во Занзибар.
Од таан мини|200x200пкс|Таан алва со фстаци Овој тип на алва се прави со мелење на маслодајни семки, како сусам или сончоглед. Добиената смеса налик на паста позната како таан потоа се меша со врел шербет. Ваков тип на алва е популарен кај источно арапските нации, на Средоземното Море и во Балканските региони и земји. Земјите каде е популарна таан-алвата се Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Србија, Македонија, Црна Гора, Бугарија, Русија, Грција, Бангладеш, Кипар, Египет, Ирак, Иран, Левант, Албанија, Средна Азија, Јужна Индија, Кавкаскиот регион и Турција. Исто така е популарна во Алжир и на Малта.
Сусам Алвата од сусам е популарна на Балканот, Полска, Блискиот Исток, како и други области околу Средоземното Море. Основните состојки во овој производ се путерот од сусам (таан), и шеќерот (гликоза или мед) СапуникаHalva Ethnological Museum of Thrace (на арапски; erq ал halaweh, на турски јазик; çöven), белка од јајце, или слезов корен се додаваат во некои рецепти за да се стабилизира смесата или да се создаде препознатлива текстура на алвата. Во Кина, верзија на алва од сусам, наречена сусам бонбони (кинески: 芝麻酥糖) се прави со мелен сусам и со шеќер. Овој колач е многу потврд од другите алви. Други состојки и ароми, како што се фстаци, ореви, какао во прав, сок од портокал, ванила или чоколадо, честопати се додаваат на основната таан алва.
Сончоглед мини|200x200пкс|Сончогледова алва Сончогледовата алва е многу популарна во земјите на Источна Европа, вклучително Белорусија, Бугарија, Романија, Молдавија, Латвија, Литванија, Естонија, Русија и Украина, како и други поранешни земји на СССР. Алвата се прави од сончогледово семе наместо сусам.
Други видови
Ќетен-алва 267x267px|Ќетен алва од Турција|мини Пишманија (турски: Pişmaniye) или ќетен алва е традиционална слатка, што се прави во Турција. Се прави првенствено од пченично брашно и шеќер. При подготвување на алвата се добиваат „конци“ кои потоа се мотаат во топчеста форма. Алвата е со светла доследност, налик на шеќерна волна. Конец алвата ја има во стандарден вкус или е со вкус на фстаци а постојат брендови со халал или кошер сертификати.
Слична верзија на пишманија на основа на фстак е многу популарна во Северна Индија. Таа е малку поцврста и се нарекува патиса (patisa) или соан папди (sohan papdi). Во кинеската кујна, таква слатка слична на пишманија е позната како змејова брада, кој се јаде како оброк или десерт.
Неприготвена верзија на алва исто така стана популарна кај застапниците на сурова храна. Во оваа верзија, мешавина од таан, сурови бадеми, суровини како нектар од агава и сол се мешаат а потоа се замрзнуваат за да се стегне добиената смеса.
Културна примена Алва на сите јазици звучи слично. Некои од транслитерациите вклучуваат ħelwa (малтешки), xalwo (сомалиски), halvah (хебрејски), halwa или halwi (арапски), helva (турски), chałwa (полски), и halva (англиски). Зборот алва потекнува од арапскиот збор halwa.
Во Македонија мини|Струмичка бела алва послужена на Тримери (фестивалот под маски) Во Македонија, алвата може да се сретне во повеќе варијанти. Во домашни услови се подготвува алва од гриз. Популарен рецепт од гриз е алвата 1234. Се подготвува со масло (најчесто растително), гриз, вода и шеќер. Зависно од регионите истата се нарекува невестинска или старинска алва. Во минатото ваквата алва била неизбежен дел од свадбите и другите прослави. Измирската алва донесена од Измир, Турција, е чоколаден тип на алва направена од брашно, какао, шеќер и кикиритки. Оваа алва се нарекува и црна алва и најчесто се приготвува во домашни услови. Таан-алвата е најмногу распространета, додека најпопуларна е алвата од Неготино.
Во другите земји
Албанија Алва (hallvë на албански јазик), обично се јаде како десерт. Во поголем дел алвата во Албанија е врз основа на брашно, иако дома сварената гриз алва и таан-алвата од продавница, исто така се консумираат. Најчесто се користи пченично брашно, иако пченкарната алва е честа појава.
Аргентина Алвата ја има и во Аргентина, особено кај производители од сириско-либанско или ерменско потекло. Во 1940 година, замена за алва со име Mantecol направена со путер од кикиритки ја вовела една фирма на грчко имигрантско семејството. Тоа станало популарен производ а во 2001 година, брендот бил продаден на глобалната фирма Кадбери Швепс, кои го измениле рецептот. Георгалос сега го произведува оригиналниот производ под името Нукрем (Nucrem). И двете верзии се достапни во продавниците за слатки и во супермаркетите.
Азербејџан Во Баку, "алвата" е во турски стил (таан-алва). Најпознатата регионална варијанта е од Шеки. Шекиската алва (Şəki halvası) е слоевита алва налик на баклава тесто исполнето со зачинети јаткасти плодови прелиена со сируп од шафран, сушен морков и репа.How to make Sheki Halva, and its folk historySheki Halva recipe (in Azerbaijani) Во Кабала можно е да се најде алвата шабалид (şabalıd halvasını), вид на мека алва направена од шеќер и костени. мини|Продажба на алва на мерење на пазарот Махнех Јехуда
Бахреин Во Бахреин, најпопуларна форма на алва е желатинска во соседните земји позната како Бахреинска алва (halwa Bahraini). Бахреинската алва не потекнува од Бахреин туку од Занзибар. Била воведена во земјата благодарение на трговијата, а се популаризирала пред околу 150 години. Истата е врз основа на густин. Во Кувајт алвата се нарекува рахаш (rahash).
Бангладеш Разни видови на алва () се подготвуваат низ Бангладеш и Западен Бенгал. Некои од најчестите видови на алва вклучуваат гриз (гриз алва), наут (путер алва), брашно (атар алва), бадеми (бадем алва), и папаја (пепер алва). Алвата обично се јаде како богат десерт, но не е невообичаено да се јаде и за доручек со традиционален леб.
Босна и Херцеговина Алвата многу ја има и во Босна и Херцеговина и е достапна во различни форми и вкусови.
Бразил Во Бразил, кој е дом на најголемата сириско-либанска популација надвор од Блискиот Исток, обична и чоколадна таан алва може да се најде во лименки во некои супермаркети, додека подобрите видови се продаваат во специјализирани продавници.
Бугарија Во Бугарија, терминот алва (бугарски: халва) се користи за неколку варијанти на десерт. Таан-алвата е најпопуларна и може да се најде во сите продавници. Два различни типа на таан алва се прават – една со сончогледов таан и друга со сусамов таан. Традиционално, регионите на Јабланица и Хасково се познати по нивната алва. Алвата од гриз (бугарски: грис халва) се прави дома и може да се најде само во некои продавници. Белата алва (бугарски: бяла халва), направена од шеќер е многу популарна на последната недела пред Големиот велигденски пост (бугарски: Сирни заговезни), се слави со обичаи - на конец се врзува парче бела алва и сите деца, додека стојат во круг со устата треба да го фатат парчето алва кое се врти.
Хрватска мини|Текстура на карачи алва од Пакистан со кешу ореви Алвата е слатка која се консумира во некои делови на Хрватска. Не е невообичаено да се најде во пределите на Славонија, Кордун, Лика и Барања или региони што биле во контакт со Отоманското Царство. Алвата е особено популарна во Славонија во текот на прославите (kirvaj) и локалните црковни панаѓури .
Египет Алва техинија () или само алва е популарен производ во Египет на основа на сусам која може да е обична, со ореви (често фстаци), или со чоколадо. Алвата се продава на големи парчиња и се сече за мерење (обично 1/4 или 1/2 кг). Помалку е застапена кончестата алва (halawa shaar -).
Грција и Кипар