Свети Августин (латински: Aurelius Augustinus; роден на во Тагасте, Алжир - починал на ) — една од најзначајните личности во развојот на западното христијанство. Во Римокатоличката црква, Августин се смета за светец и Отец на Црквата, како и покровител на Августинскиот ред. Голем број филозофи и теолози се под влијание на неговите учења, а неговите дела (вклучувајќи ги и „Исповеди“ - кои често се сметаат за првата западна автобиографија) сè уште се изучуваат и читаат.
Според неговиот современик Јероним: „Августин повторно ја создава древната вера". Во раните години тој бил под силно влијание на манихејството, а потоа и на Неоплатонизмот на Плотин. По примањето на христијанството и неговото крштевање во 387 година, Августин го развил својот пристап кон филозофијата и теологијата, различни методи и различни гледишта March 2002 edition: .. Верувајќи дека благодатта на Христос е неопходна за човековата слобода, тој помогнал да се формулира доктрината за првородниот грев и прави првите чекори во развојот на теоријата на фер војна.
Кога Западното Римско Царство започнало да се распаѓа, Августин развил концепт на Католичката црква како духовен Град Божји (во книгата „За државата Божја“), кој се разликува од материјалниот земен град. Неговите мисли се длабоко под влијание на средновековниот светоглед. За државата Божја и Августин се тесно поврзани со доктрината на Светото Тројство, како што е формулирано од Никејскиот и Цариградскиот вселенски собор.
Во Католичката црква и Англиканската заедница тој е светец, црковен учител и покровител на Августинците. Неговиот празник се слави на 28 август на денот на неговата смрт. Тој е покровител на пиварите, печатарите, теолозите и голем број на градови и епархииKnow Your Patron Saint. catholicapologetics.info. Многу протестанти, особено калвинистите, го сметаат за еден од духовните отци на протестантската реформација поради неговите учења за спасение и Божјата благодат.
Во Православната Црква многу од неговите учења не се прифатени. Други доктрини, понекогаш неприфатливи за Православната Црква, се неговото мислење за оригиналниот грев, доктрината за благодат и предодреденост. Сè уште се смета за светец, а неговиот празник се слави на 15 јуни. Тој е исто така познат како „Блажен Августин“ или „Св. Августин Блажен“.
Негово најпознато дело е „За државата Божја“.
Св. Августин како мотив во популарната култура мини|Витраж во Келнската катедрала со приказ на свети Августин (лево) и свети Јероним (десно) „Сонував дека го видов св. Августин“ (англиски: I Dreamed I Saw St. Augustine) — песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1967 година.DISCOGS, Bob Dylan – John Wesley Harding (пристапено на 21.2.2020)
Наводи
Надворешни врски
Блажениот Аврелиј Августин, епископ Ипонски — житие на македонскиот православен портал „Денови“ Архива на Свети Августин
Категорија:Христијански светци Категорија:Црковни отци Категорија:Христијански теолози Категорија:Христијански филозофи Категорија:Римјани од 4 век Категорија:Римјани од 5 век Категорија:Христијански светци од 5 век Категорија:Римокатолички светци од Алжир Категорија:Православни светци Категорија:Англикански светци Категорија:Алжирски светци Категорија:Христијански мистици Категорија:Патристика Категорија:Црковни учители Категорија:Писатели на латински јазик Категорија:Христијански апологети Категорија:Христијански светци од 4 век Категорија:Антигностицизам