Спомен-куќа на НОБ — спомен-куќа во селото Горно Количани, Скопско. Таа била изградена врз темелите на старо училиште во кое за време на НОБ престојувала Дванаесеттата македонска народноослободителна ударна бригада. Спомен-куќата била откриена на 12 ноември 1978 година.Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 34

Историска позадина

Штабот на Дванаесеттата македонска ударна бригада работел во училишната зграда, каде се создавале оперативни планови за борбените акции, се организирале и се вршеле и многу други задачи. Ова било слободна територија, каде се веело знамето со петокрака ѕвезда. Во селото на 6 октомври 1944 година, кон борците од бригадата се придружиле припадниците на Четвртиот скопски одред. Тогаш пред училиштето во село Горно Количани биле построени 870 борци на бригадата.Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 35

Наводи

НОБ, Горно Количани Категорија:Горно Количани