мини|десно|300п|Поглед кон Валандовското Поле Гевгелиско-валандовска Котлина — котлина во областа Бојмија, Јужна Македонија и преку границата со денешна Грција. Ограничена е со водоразделните линии по планините Кожуф, Марјанска, Плауш, Беласица, Боска и Карабалија. Се простира по течението на Вардар од селото Удово на север до Циганската Клисура на југ, која се наоѓа во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија. Котлината зафаќа вкупна површина од , а се протега на надморска височина од 46 до 2.100 м. Ова е едно од најтоплите места во Р Македонија; се одликува со изменетосредоземноморска климаКлимата во Република Македонија, Студија за геодиверзитетот, стр. 24 со средногодишна темепратура од и годишни врнежи од 694,6 мм.
Поделба Валандовско Поле — на надморска височина од 50 до 200 м и зафаќа Гевгелиско Поле — на надморска височина од 46-200 м и зафаќа
Плавини Поради големата висинска меѓу дното на котлината и највисоките делови на Кожуф, реките носат големи количини материјал, кој го таложат во облик на плавини. Особено се истакнуваат геолошки поновите плавини на реките Конска, Кованска и Серменинска, на кои се расположени населени места.
Ридови Котлината има повеќе ридови високи од 30 до 50 м. Позабележителни се:
Вардарски Рид кај железничката станица Мрзенечко Брдо кај с. Мрзенци Рудина Чука кај с. Стојаково Голо Брдо кај некогашното с. Побрегово Литивка кај с. Богородица
Поврзано Бојмија Циганска Клисура
Наводи
Категорија:Котлини во Македонија Категорија:Географија на Гевгелија Категорија:Географија на Валандово Категорија:Општина Гевгелија Категорија:Општина Валандово Категорија:Општина Богданци