Слатина (хрватски: Slatina) — град во Хрватска. Слатина се наоѓа во западниот дел на историско-географската област Славонија, поточно во регионот Подравина. Административно Слатина е дел од Вировитичко-подравската жупанија. Слатина е на 29 км од Вировитица и на надморска височина од 127 м.

Население Населението на градот Слатина, според пописот од 2011 година, е 10,152, а целокупното население на општина Слатина е 13,609:

Бакиќ, жители: 537 Бистрица, жители: 165 Долни Мељани, жители: 259 Голениќ, жители: 22 Горни Михољац, жители: 304 Иванбриег, жители: 30 Козице, жители: 511 Лукавац, жители: 99 Марково, жители: 131 Мединци, жители: 200 Нови Сенковац, жители: 301 Радосавци, жители: 99 Сладоевачки Луг, жители: 90 Сладоевци, жители: 730 Слатина, жители: 10,208

Според истиот попис, 85.5% биле Хрвати.

Наводи

Надворешни врски

Службено мрежно место Туристички портал за Слатина

Категорија:Градови во Хрватска Категорија:Населени места во Вировитичко-подравската жупанија