Свети Никола — главна селска црква во битолското село Лера, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во самото село. Во дворот на црквата се наоѓаат и самите селски гробишта. До црквата води асфалтен пат.

Историја

Црквата била подигната за време на отоманскиот период, најверојатно во 1831 година и последен пат била реновирана во 2001 година.

Архитектура

Црквата е еднокорабна градба. Нејзината состојба е добра, освен што се забележува влага во долната зона на северниот ѕид.

Во 2001 година на црквата било извршено конструктивно зајакнување со армирано-бетонска конструкција, бил поставен под од камени плочи и бил заменет покривот, со што се нарушила автентичноста на црквата.

Фрескоживопис

Sидното сликарство е од понов период, односно црквата била живописана во 2001 година од страна на Никола Крнчев и Раде Најдовски од Битола. Тоа е во добра состојба.

Галерија

Поврзано Преспанско-пелагониска епархија Ресенско архијерејско намесништво Прва ресенска парохија

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Лера