Охридско-струшка Котлина — котлинска целина во југозападна Македонија и прекуграничите предели во Албанија. најмногу го зафаќа просторот на басенот на Охридското Езеро. Тектонски предиспонирана котлината е ограничена со водоразделните линии по планините: Стогово со Караорман, Илинска и Плакенска, Галичица, Мокра и Јабланица. Изземајќи ја водната површина на езерото, котлината зафаќа . Рамничарските предели лежат на надморска височина од 600 до 800 м и зафаќа , од кои речиси половината се во појасот од 690 до 700 м.

Поделба Според морфологијата, како посебни просторни целини во Охридско-струшката Котлина се издвојуваат следниве подрачја:

Охридско Поле Граница на населени места: сите во општина Охрид (освен селото Подмоље*)

Струшко Поле Граница на населени места:

Општина Струга (источно од р. Црн Дрим и јужно од Малесија, поточно од с. Присовјани) Општина Дебрца (селата Климештани, Мешеишта, Волино, Требеништа, Алистрати, Горенци и Оровник) Општина Охрид (селото Подмоље*)

Поградечко Поле Граница на населени места:

селата Пешкопеја, Аларуп, Братомир, Блаца, Черава, Лешница, Брагожда, Стропица, Тушемишта, Загоричани, Завраска, Ремен, Вртово, Старово, Поградец, Мамулишта, Червенака, Одуништа, Пишкупат, Бучица и Лин

Дебрца (поделена на Горна, Средна и Долна) Граница на населени места:

Општина Дебрца (сите села кои не се вклучени како дел од Струшко Поле, поточно тие во историско-географската област Дебрца)

Забелешка *во монографијата за селата Оровник и Подмоље се спомнува: „Народната носија на Оровник и Подмолје е иста како и во соседните села: Горенци, Волино и Мислешево, т.е. е слична на носијата од струшките полски села.“

Поврзано Горичко Поле

Наводи

Категорија:Котлини во Македонија Категорија:Југозападен Регион Категорија:Поградец