Хималија () или Јупитер VI — најголема неправилна месечина на Јупитер и шеста негова месечина по големина, а по маса помала само од четирите Галилееви месечини. Откриена е од американскиот астроном Чарлс Дилон Перин во Ликовата опсерваторија на 3 декември 1904 г. и наречан по нимфата Хималија, која му родила три сина на Зевс (Јупитер). Ова е меѓу најголемите планетарни месечини во Сончевиот Систем чиј изглед не е познат во подробност.;
Од 1955 до 1975 г. месечината го носела името Хестија, наречена по старогрчката божица.
Орбита На растојание од 11,5 милиони километри од Јупитер, Хималија прави круг околу планетата за 251 (Земјин) ден. Претставува најголема во групата месечини наречена по неа кои кружат околу Јупитер на растојание од 11,4 до 13 милиони километри при наклон од 27,5°. Орбиталните елементи постојано се менуваат поради растројувањата на Сонцето и планетите; тука наведените податоци важат за јануари 2000 г.
Физички особености Вртежниот период на Хималија изнесува 7 ч 46 м 55±2 с. Како и другите месечини од групата, има неутрален (сив) изглед, со бојни показатели B−V=0,62, V−R=0,4, слично на астероид од типот C. Испитувањата на „Касини“ потврдуваат дека има безличен спектар, со мало впивање при 3 μм, што може да се должи на присуството на вода.
Маса Во 2005 г. рускиот астрофизичар Николај Емелјанов ја проценил масата на Хималија на 4,19×1018 кг (GM=0,28), водејќи се по растројувањето на Елара од 15 јули 1949 г. Порталот „Динамика на Сончевиот Систем“ на Лабораторијата за реактивен погон од САД наведува маса од 6,7×1018 кг (GM=0,45) и пречник од 85 км.
Густината на месечината би зависела од тоа дали истата има просечен пречник од 67 км (геометриска средина од „Касини“) или 85 км.
Истражување
Во ноември 2000 г. на пат кон Сатурн леталото „Касини“ направило низа слики од Хималија на оддалеченост од 4,4 милиони километри. Иако зафаќа само неколку пиксели од снимката, јасно е дека се работи за издолжено тело со оски во должина од 150±20 и 120±20 км, приближно на проценките направени од Земјата.
Во февруари и март 2007 г. на пат кон Плитон леталото „Нови хоризонти“ исто така направило слики, но на растојание од 8 милиони километри.
Поврзано Јупитерови месечини Неправилна месечина Хималиина група
Наводи
Надворешни врски Преглед на Хималија — „Истражување на сончевиот Систем“ на НАСА Неправилни Јупитерови месечини — страница на Дејвид Џуит Познати Јупитерови месечини — страница на Скот Шепард Две неправилни Јупитерови месечини
Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 1904 година Категорија:Хималиина група Категорија:Неправилни месечини