„Македонско дело“ — весник, орган на ВМРО (Обединета), кој излегувал на 10 и 25 ден секој месец, во Берлин, Виена и Париз. Започнал со работа на 10 септември 1925 година, во состав на Димитар Влахов, Владимир Поп Томов и Павел Шатев.Добринов, Дечо. ВМРО (обединена), Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 55. Весникот успеал да издаде вкупно 179 броеви,Енциклопедия Пирински край, Том 1, Благоевград, 1995, стр. 539. од кои последниот на 25 мај 1935 година. Низ своето постоење, весникот е еден од ретките весници во тоа време кои ја застапувале идејата за самостојна македонска нација.Добринов, Дечо. ВМРО (обединена), Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 42.

Броеви ГодинаБројДатумИзворI1 – 2410 септември 1925 – 25 август 1926Иванчев, Димитър. Български периодичен печат, 1844 – 1944: анотиран библиографски указател. Т. 1. София, Наука и изкуство, 1962. с. 462.II25 – 4810 септември 1926 – 25 август 1927III49 – 7210 септември 1927 – 25 август 1928IV73 – 9610 септември 1928 – 25 август 1929V97 – 12010 септември 1929 – јули 1930VI121 – 14310 септември 1930 – 10 август 1931VII144 – 16725 септември 1931 – 25 септември 1932VIII168 – 179октомври 1932 – 25 мај 1935

Наводи

Поврзано Обединист

Категорија:Органи на ВМРО (Обединета)