Магаревски манастир — поранешен манастир во битолското село Магарево.
Од манастирскиот комплекс, денес останата е само црквата „Св. Ѓорѓи“.
Местоположба
Изграден е на западната страна од црквата „Св. Димитриј“ на растојание од околу 500 метри.
Историја
Сегашната манастирска црква потекнува од 1871 година. По изградбата голем придонес дал внукот на Димитриј Бишта, по име Петро Бишта кој спровел и водовод, така што летото 1945 година свечено пред гостите од двете села, Магарево и Трново, тој ја пуштил чешмата и шадрванот во дворот, кои и ден денес функционираат благодарејќи на верниците од селото.
Манастирот функционирал како женски манастир. За време на Првата светска војна во реонот се воделе тешки борби и конаците на манастирот биле целосно разрушени и останал само манастирскиот храм.
Градби во манастирот
Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, камбанаријата и светата вода.
Црква „Св. Ѓорѓи“
Главната манастирска црква е посветена на Свети Ѓорѓи. Таа е единствена зачувана градба од манастирот.
Други објекти
Во дворот на манастирот се наоѓа објект со света вода.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Магарево Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија Категорија:Манастири во Битолското архијерејско намесништво