мини|Мнема Mneme (старогрчки јазик: Μνήμη), позната и како — повратна неправилна месечина на Јупитер. Откриен е од страна на екипа на астрономи Хавајскиот универзитет предводена од Скот Шепард ми други во 2003 година, и привремено била означена како S/2003 J 21.IAUC 8138: S/2003 J 21 2003 May 30 (discovery)MPEC 2003-K45: S/2003 J 21 2003 May 29 (discovery and ephemeris)

Мнема е со пречник од 2 километрио, и е во орбита околу Јупитер на растојание од 21,427 Gm со период од 640,769 денови, со наклон од 149° во однос на еклиптиката (148° во однос на Јупитеровиот екватор)во повратна насока и со занесување од 0,2214. Просечната орбитална брзина изнесува 2,43 km/s.

Именувана е во март 2005 година според Мнема, една од првичните музи.IAUC 8502: Satellites of Jupiter 2005 March 30 (naming the moon) Поинекогаш погрешно се поистоветува со Мнемозина, мајката на музите (трите или деветте, во зависност од авторот), ќерки на Зевс (Јупитер).

Мнема припаѓа на Ананкината група, и е повратна неправилна месечина која кружи околу Јупитер на растојание меѓу 19,3 и 22,7 Gm, со наклон од 150°.

Наводи

Категорија:Ананкина група Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Неправилни месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 2003 година Категорија:Откритија на Брет Гледман Категорија:Месечини со повратна орбита