Кала () или — неправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 2001 година од страна на астрономите Скот Шепард, Дејвид Џуит и Џен Клијна, и првично била означена под името S/2001 J8IAUC 7900: Satellites of Jupiter 2002 May (discovery)MPEC 2002-J54: Eleven New Satellites of Jupiter 2002 May (discovery and ephemeris).

Кала има пречник од околу 2 километри, а кружи околу Јупитер на просечно растојание од 22,409 Gm во 685,324 дена, со наклон од 165 ° до еклиптика (166 ° до Јупитеровиот екватор), во повратна насока и со орбитално занесување од 0,2011.

Таа била именувана во август 2003 година според една од грациите, ќерки на Зевс (Јупитер). Кала е сопруг на Хефест според некои автори.

Таа припаѓа во т.н. Кармина група, составена од неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојание од 23 до 24 гигаметри и наклон од околу 165 °.

Наводи

Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 2001 година Категорија:Неправилни месечини Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Кармина група Категорија:Откритија на Дејвид Џуит Категорија:Месечини со повратна орбита