мини|Топографска карта на античка Теба. Теба — град во Стара Грција, некогашна престолнина на Беотија.

Теба во митологијата Митскиот основач на Теба бил Кадмо,Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 158. а таа била светиот град на божеството Бакх. Кога се градела Теба, Анфион со звуците на својата лира ги привлекувал камењата наменети за ѕидовите од ридот Китерон.Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 205. Подоцна, божицата Јунона започнала да ги гони тебанците поради љубовта на Јупитер кон Семела, ќерката на тебанскиот крал Кадмо.Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 192.

По смртта на браќата Полиник и Етеокле, Теба паднала под ропството на кралот Креонт.Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 123. Притоа, кога Етеокле и Полиник се убиле меѓу себе, нив ги запалиле на иста клада, но пламенот се разделил на два дела, симболизирајќи ја кавгата меѓу браќата.Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 165.

Во Теба живеел врачот Амфиарај, кој предвидел дека ќе погине во борбата за Теба, па кога требало да се тргне во борба, тој се скрил, но го предала неговата жена Ерифила. Подоцна, додека траела борбата, под неговите нозе се отворила пропаст и тој навистина погинал, а тебанците потсмешливо го довикувале.Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 122. Исто така, познат бил тебанскиот врач Тирезиј, кој ги урдил со камшик двете сплетени змии што се пареле, па се претворил во жена. Дури по седум години, кога ги пронашол истите тие змии, тој повторно ги удрил со камшикот и се претворил во маж. По смртта на Тирезиј, неговата ќерка Манто, бегајќи од тиранијата на Креонт, ја напуштила татковината и се населила во северна Италија, под Алпите, каде и умрела.Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 122.

Теба како мотив во уметноста „Теба“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 255.

Наводи

Категорија:Старогрчка митологија Категорија:Римска митологија Категорија:Градови во Стара Грција