Елара ( или ) — напредна неправилна месечна на Јупитер. Била откриена од Чарлс Дилон Перајн од опсерваторијата Лик во 1905 година. Претставува осма најголема месечина на Јупитер и е именувана по Елара, една од љубовниците на Зевс и мајка на џинот Титиј.
Елара не го добила името до 1975 година; претходно била едноставно позната како Јупитер VII. Понекогаш била нарекувана „Хера“ во периодот од 1955 до 1975. Има пречник од само 43 километри, односно само 2% од големината на Европа. Меѓутоа е половина од големината на Хималија, односно втора најголема месечина во Хималиината група.
Средба со „Нови хоризонти“
Во февруари и март 2007 година, леталото „Нови хоризонти“, кое летало до Плутон, направило неколку фотографии од далечина од пет милиони милји.
Наводи
Надворешни врски Неправилни месечини — страница на Дејвид Џуит Познатите месечини на Јупитер — страница на Скот Шеппард
Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Неправилни месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 1905 година Категорија:Хималиина група