Теба (/ˈθiːбiː/ ), позната и како , е четвртата месечина на Јупитер според растојание од планетата. Била откриена од Стивен Синот од фотографиите кои вселенската сонда Војаџер 1 ги направила на 5 март 1979, додека го прелетувала Јупитер. Во 1983 година, месечината била официјално именувана по митолошката нимфа Теба.

Втора по големина од внатрешните месечини на Јупитер, Теба орбитира по надворешниот раб на прстенот кој се формира од прашината исфрлена од нејзината површина. Месечината е со неправилен облик и со црвеникава боја, и се смета дека како Амалтеја се состои од мраз заедно со непознати количества на други материи. На површината има големи кратери и високи планини, некои од нив можат по големина да се споредат со самата месечината.

Теба била фотографирана во 1979 година со Војаџер 1 и 2, и подоцна, во 1990-тите, уште подетално со вселенското летало Галилео .

Откривањето и согледувања Теба била откриена од страна на Стивен Синот од сликите на Војаџер 1 направени на 5 март 1979 година и првично ѝ била дадена привремената ознака . Во 1983 година, била официјално именувана по митолошката нимфа Теба која му била љубовница на Зевс—грчкиот еквивалент на Јупитер.

Откако била откриена со Војаџер 1, Теба била фотографирана и од Војаџер 2 во 1979 година. Меѓутоа, пред да стигне леталото Галилео на Јупитер, сознанијата биле доста ограничени. Галилео ја исликал речиси цела површина на Теба и помогнал да се разјасни нејзиниот состав.

Орбита Теба е најоддалечената од внатрешните месечини на Јупитер, и орбитира на растојание од околу 222,000 км (3.11 Јупитерови полупречници). Нејзината орбита има орбитално занесување од 0.018 и наклон од 1.08° во однос на екваторот на Јупитер. Овие вредности се невообичаено високи за внатрешна месечина и можат да се објаснат со минато влијание на најблиската Галилеева месечина, Ија. Во минатото, неколку орбитални резонанции со Ија веројатно поминале низ орбитата на Теба додека Ија постепено исчезнувала од Јупитер и истите ја возбудиле орбитата на Теба.

Орбитата на Теба се наоѓа во близина на надворешниот раб на прстенот, кој е составен од прашината исфрлена од месечината. По исфрлањето на прашината наноси се упатиле накај планетата под дејство на Појтинг–Робертсон ефектот формирајќи прстен.

Физички одлики Теба има неправилен облик, со најблиска елипсовидна апроксимација од 116×98×84 км. Нејзината површина е веројатно помеѓу 31,000 и 59,000 (~45,000) км2. Нејзините зафатнинска густина и маса не се познати, но под претпоставка дека нејзината густина е како онаа на Амалтеја (околу 0.86 g/cm3), масата може да се процени на околу 4.3 кг.

Слично на сите внатрешни месечини на Јупитер, Теба ротира синхронично со своето орбитално движење, така што едното лице секогаш ѝ е свртено накај планетата. Нејзината ориентација е таква што долгата оска секогаш покажува на Јупитер.

Кратерот Зетус е најголемиот кратер (со пречник од околу 40 км) кратер и единствената именувана површина на месечината Теба. Има неколку светли точки на работ на овој кратер. Се наоѓа на далечната страна на Теба, која не е свртена кон Јупитер. Бил откриен со вселенското летало Галилео. Името го добил по Зетус, сопругот на нимфата Теба во старогрчката митологија.

Површината на Теба е темна и се појавува во црвеникава боја. Има значителна асиметрија помеѓу почетните и крајните полутопки: водечката полутопка е 1.3 пати посветла од крајната. Асиметричноста најверојатно е предизвикана од повисоката брзина и честота на влијанијата на водечката полутопка, која ископува светла материја (веројатно мраз) од внатрешноста на месечината. Површината на Теба е со многу кратери и се чини дека постојат барем три или четири ударни кратери кои се многу големи, секој приближно со големина колку самата Теба.

Наводи Објаснувачки белешкиЦитатиЦитирани извори

Надворешни врски Профил на Теба од НАСА Истражување на сончевиот Систем Теба номенклатура од USGS планетарна номенклатурна страница

Категорија:Астрономски тела откриени во 1979 година Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Неправилни месечини