мини|десно|Сфалерит од Тораница Тораница — рудник за олово и цинк, на планината Осогово во североисточна Македонија. Се наоѓа на територијата на Општина Крива Паланка, во близина на македонско - бугарската граница, во северниот дел на рудното подрачје Саса – Тораница, низ кое минуваат Каменица и Козја Река.
Настанок Наоѓалиштето настанало олигоценот и миоценот. со минерализацијата на оловото и цинкот во Осоговско-малешевската вулканска област. Според условите на настанок, Тораница е хидротермално метасоматско наоѓалиште во скарновски облик.
Геолошка градба По геолошката градба, наоѓалиштето е метаморфна сложенка од гнајсеви, кварцово–графит шкрилци и други составници, како и терцијарни вулкански карпи (кварцлатити).
Руди Содржината на главните метали во наоѓалиштето во просек е: 5% олово, 3% цинк, но и мало количество на сребро (20 грама на тон). Главни рудни минерали и носители на оловно-цинковото оруднување се галенитот и сфалеритот, а потоа пиритот, пиротинот, магнетитот, самородниот бизмут, бизмутинот, халкопиритот, енаргитот и други.
Поврзано Саса Тораница (река)
Наводи
Категорија:Рудници во Македонија Категорија:Саса Категорија:Олово Категорија:Цинк