Меѓународниот Аеродром Тирана ( или Rinasi) — аеродром кој ѝ служи на Тирана, Албанија и е главниот аеродром на Албанија. Се наоѓа на 25 км северно од Тирана.
Сите сообраќајни опреми на аеродромот Ринас се моментално модернизирани со инвестиција на Lockheed Martin.
На 23 април 2005, започнал приватен 20-годишен период на концесија под приватен менаџмент на конзорциум воден од Hochtief AirPort. Како дел од оваа концесија, започнала со работа изградбата на целосно нов патнички терминал и разни подобрувања во инфраструктурата, вклучувајќи и нов пристапен пат. Со овие подобрувања, аеродромот ќе биде во можност да се справи со патничките побарувачки на Албанија во претстојните години.
Авио компании и одредишта Ада Ер (Бари) Adria Airways (Љубљана) Албаниан Ерлајнс (Атина, Болоња, Истанбул Ататурк, Лондон-Станстед, Милано Малпенза, Приштина, Рим Фјумичино, Торино, Франкфурт) Албатрос Ервејс (Бари, Бергамо, Венеција, Верона, Пескара, Пиза, Римини) Алиталија (Милано Малпенза, Рим Фјумичино) Алпи Иглс (Венеција) Austrian Airlines Аустриан Ероус (Виена) Беле Ер (Анталија, Бергамо, Верона, Ѓенова, Пиза, Рим Фјумичино, Трст, Форли) Бритиш Ервејс (Лондон-Гетвик) Хемус Ер (Софија) Jat Airways (Белград) Малев (Будимпешта) Олимпик Ерлајнс (Атина) Turkish Airlines (Истанбул Ататурк)
Врвни пет превозници Беле Ер - 24% Alitalia - 20% Албаниан Ерлајнс - 14% Austrian Airlines - 9% Turkish Airlines - 5%
Поврзано Список на аеродроми Транспорт во Албанија Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на аеродромот Мајка Тереза Воздушна слика на аеродромот Ринас Мајка Тереза Слика на главниот проод на аеродромот Новиот терминал
Тирана Категорија:Тирана Категорија:Мајка Тереза