thumb|180px|„Портрет на Арнолфините“ од Јан ван Ејк, Национална галерија, Лондон. Ранофламанско сликарство или фламанска примитива (употр. во холандски и шпански) — израз кој означува група на сликари активни главно во Ниските Земји во XV и раниот XVI век. Периодот започнува околу времето на Хуберт ван Ејк и завршува со Герард Давид. Овие сликари биле олицетворение истовремено на средниот век и преодот кон ренесансата.
Овој период е паралелен на Италијанската ренесанса, но стилски е различен. Обично се вели дека ова е раноренесансно или доцноготско сликарство.
Поврзаност со италијанската рененсанса Овој нов стил се јавил во Фландрија речиси истовремено со италијанската ренесанса. Мјасторите на овој стил биле многу почитувани во Италија, и веројатно имале поголемо влијание врз италијанската уметност отколку обратно. Ренесансата не вршела некакво значајно влијание на северот пред 1500. Меѓутоа, додека во Италија гледаме радикални промени во архитектурата, скулптурата и фиолсофијата, револуцијата во Фландрија била ограничена само на сликарството. За сликарството во периодот помеѓу 1500 и пред Осумдесетгодишната војна, видете Холандско-фламанско ренесансно сликарство
Список на сликари thumb|десно|250px|Гентски олтар: „Поклонението на Таинствениот Агнец“ - укажува на сè уште големата важност на средновековните елементи. Алберт ван Ауватер (1444-1515) Дирк Баутс (~ 1400/1415-1475) Јероним Бос (~ 1450 - 1516) - современик на ранофламанската школа, чиј стил е радикално различен и уникатен. Јос ван Васенхове наречен и Јустус Гентски (~ 1410-1480) Рогир ван дер Вејден (~ 1400-1464) Хуго ван дер Гус (1440-1482) Герард Давид (~ 1455-1523) Жак Даре (~ 1404-1470) Јан ван Ејк (~ 1385–1441) Хуберт ван Ејк (~ 1366–1426) Јан Јуст ван Калкар (~ 1450 - 1519) Робер Кампен, наречен и Флемалски мајстор (1378–1444) Петрус Кристус (~ 1410/1420-1475/1476) Браќа Лимбург (1385-1416) Мајстор на легендата за Св. Луција (1480-1510) Мајстор на извезените лисја (активен ~ 1480-1510) Симон Маримион (~ 1425-1489) Ханс Мелминг (~ 1430-1494) Муленски мајстор (активен 1480-1500) - некаде именуван Жан Хеј Гертген тот Синт Јанс (~ 1460–1490) Хуан де Фландес (~ 1460-~ 1519) - роден во Фландрија, активен во Шпанија
Поврзано Раноренесансно сликарство Холандска ренесанса Северна ренесанса
Надворешни врски Ранофламански олтари - виртуелна тура Фламански уметници во Италија - Ранофламански дела по порачка на италијански патрони. Северна ренесанса - Уметниците и нивните дела - XV и XVI век.
Категорија:Ренесансна уметност Категорија:Средновековна уметност * Категорија:Фламанска уметност *