thumb|right|250px|Октавијан август во одело на Понтифекс максимус Понтифекс максимус () = „врховен понтиф“, т.е. „првосвештеник“, бил највисокиот свештеник во староримскиот понтифски колегијат. Ова била највисоката свештеничка функција во римската вера, отворена само за патриции, до 254 п.н.е., кога за првпат на оваа функција дошол плебеец. Ова била јасно верска функција во раната Римска република, но полека таа се исполитизирала и во времето на Октавијан Август била вклучена во титулата Цар (Император). За последен пат титулата ја имал христијанскиот цар Грацијан додека не прешла во рацете на епископот на Рим.Понтифекс максимус LacusCurtius, пристапено на 15 август 2006Понтифекс максимус Livius.org статија од Јона Лендеринг, пристапено на 15 август 2006 Денес „Понтифекс максимус“ е една од титулите на Епископот на Рим како Папа на Католичката црква. Оваа титула редовно стои (меѓу останатите) на градби, споменици и монети, посветени или поинаку направени за време на извесен понтификат.
Потекло на поимот Зборот понтифекс буквално значи „мостоградител“ (pons + facere); maximus значи „најголем“ т.е. „највисок“. Веројатно ова првобитно носело буквално значење: фукцијата мостоградител била навистина важна во Рим, каде главните мостови се протегале преку реката Тибар, која била света река (а истовремено и божество); само на врвни функционери со свети функции можело да им се дозволи да ја „вознемируваат“ реката со изградби. Меѓутоа, титулата отсекогаш имала и симболичко значење: понтифите го измазнувале мостот помеѓу човекот и боговите (Ван Хеперен). Кон ова може да се спомене дека и во стара Индија во ова време се користеле вакви слични концепти во врска со реки и мостови.
Зборот понтифекс е поврзан и со етрурскиот збор понт, „пат“, или „подготвувач на патот“. Некои сметаат дека овој збор е грешно изведен од етрурскиот збор со слична звучност, но етимилошка неповрзаност со значење свештеник, но ова е став на малкумина.
Пагански понтифи Потекло за време на кралскиот период Таканаречениот Collegium Pontificum или Понтифски колегијат бил најважното верско тело во Стариот Рим. Неговото основање му се прешишува на вториот крал на Рим, Нума Помпилиј. Можеме слободно да кажеме дека задачата на колегиумот била да го советува рексот (кралот) за верски работи. На чело на колегиумот стоел понтифекс максимус и сите понтифи ја држеле оваа функција доживотно. Пред воспоставувањето на оваав институција, сите верски и административни функции му припаѓале на кралот. За понтифите вво ова време се знае многу малку заради загубата на главните историски извори, додека некои настани се сметаат за полулегендарни и митолошки. Речиси сите дотогашни записи биле уништени за време на Грабежот на Рим во 390 п.н.е. Сведочењата за овој ран период се земени од извадоци на текстови напишани за време на републиканскиот период. видете: Римско кралство
Развој за време на Римската република Во Римската република, Понтифекс максимус била највисоката функција во политеистичката римска вера, која била државен култ. Тој бил наважниот од понтифите, во главниот свет колегијат наречен Понтифски колегијат (Collegium Pontificum) со кој тој управувал. Според Тит Ливиј, по падот на монархијата, римјаните создале и свештеничка титула наречена Свет крал (Rex Sacrorum) кој ги изведувал верските должности и жртвувања кои дотогаш ги вршел кралот. Меѓутоа нему му било јасно забрането да зазема какви било политички функции или место во Сенатот како мерка на претпазливост од можноста тој да стане тиранин. Исто така Светиот крал му бил потчинет на Понтифексот максимус како дополнителна мерка против тиранија.Јавна римска религија Roman Civilization, bates.edu, пристапено на 17 август 2006 Други членови на свештеноството виле фламените (секој посветен на по едно важно божество), и весталките. Во раниот период на републиката, задачата за назначување на овие свештеници му припаѓала на Понтифексот максимус. Меѓутоа, постоеле многу други верски функционери, како авгурите и харуспексите (два изворно етрурски вида на претскажување: од летот и однесувањето на птиците и утробата на жртвувани животни), Фецијали и многу други колегиуми и поединечни функции.
Официјаната резиденвија на Понтифексот максимус била т.н. Домус Публика сместена помеѓу Куќата на весталките и Виа Сакра, блиску то Регијата, на римскиот форум. Неговите верски должности ги изведувал од Регијата, „куќата на кралот“.
Доколку еден понтифекс маскимус на бил истовремено и магистрат, нему не му било дозволено да носи тога претекста, т.е. пурпурно обрабена тога. Меѓутоа, тој бил препознатлив по својт железен нож (секеспита) или неговата патераРелјефи на плоча на Марко Аврелиј и царската римска иконографија Држвавен Универзитет на Њујорк, Колеџ во Онеонта, пристапенона 14 септември 2006 и посебното одело или тога со дел од мантилот кој ја покрива главата.
Понтифексот не бил само свештеник. Тој имал и политички и религоиозена авторитет. Непознато е што од овие било поважно. Во пратиката, особено во доцната република, функцијата понтифекс максимус ја држел член на некое политички проинентно семејство. Ова билал моногу посакувана функција, главно заради престижот кој го носела; Јулиј Цезар станал понтифекс во 73 п.н.е. и понтифекс максимус во 63 п.н.е. Функцијата не била редовна работа со полно работно време и затоа не ја исклучувала можноста човекот на оваа функција да држи и световна управна функција или да служи во војска.
Најновата генерална студија за понтификатскиот колегиум (Ван Хеперен 2002), ги испуштта најраните периоди од римската историја бидејќи за нив се знае премалку. Главниот римски извор, Вароновата книга за понтифите денес повеќе не постои: само мал дел од неа е останат во Авел Гелиј и Нониј Марцел. Повеќе информации можат да се добијат од забелешките на Цицерон, Тит Ливиј, Дионисиј од Халикарнас, Валериј Макисм, во Плутарховиот живот на Нума Помпилиј, Фестовите резимирања на Вериј Флак, како и подоцнежни писатели. Некои од овие извори даваат големи списоци на секојдневни нешта (постапки) кои биле табу за еден Понтифекс максимус; но тешко е овие списоци да се поврзат со фактот што овие функционери биле важни членови на општеството кои живееле нормален непопречен живот.
Избори број на понтифекси Бројот на Понтифексите, избрани од т.н. ко-оптацио (т.е. останатите членови го номинират нивнот нов колега) доживотно, бил пет, вклучувајќи го и понтифексот наксимус. Потифексите, можат да дојдат само од стари благороднички семејства, патрициите. Меѓутоа во 300 п.н.е./299 п.н.е., т.н. лекс Огулнија ја отворил оваа функција и за плебејците и така дел од престижот на титулата се изгубил. Но дури во 254 п.н.е. се јавил првиот плебејски Понтифекс максимус - Тибериј Корунканиј.Titus Livius Ex Libro XVIII Periochae, од livius.org, пристапено на 16 август 2006 Т.н. лекс Огулнија исто така го зголемил бројот на понтифексите на девет (заедно со нивниот понтифекс максимус). Во 104 п.н.е., т.н. лекс Домиција диктирал дека отсега изборот (гласањето) ќе го врши т.н. комиција трибута(народно собрание поделено во изборни единици); по истиот закон, само 17 од 35-те родови во градот Рим имаат право на глас. Овој закон бил укинат во 81 п.н.е. од страна на Сула во неговиот лекс Корнелија де Сакердотиис, кој им дал полно право на избор на големите свештенички колегијати (Лив. Епит. 89; Псевдо-Аскон. во Дивинат, стр. 102, Изд. Orelli; Dion Cass. xxxvii.37). Сула го зголемил и бројот на понтифекси на петнаесет, заедно со нивниот понтифекс максимус. Во 63 п.н.е., која Јулиј Цезар бил Понтифекс максимус, бил укинат законот на Сула и наместо него поставен изменет облик на законот лекс Домиција, повторно со изборно право на т.н. комиција трибута, но Марко Антониј подоцна го вратил правото на ко-оптацио (гласање) на колегијатот (Дион Кас. xliv.53). Исто така за време на владеењето на Јулиј Цезар, понтфексите сега броеле шеснаесет души заедно со нивниот понтифекс максимус. За време на зарството бројот на понтифексите варирал, но сме смета дека редовно броел петнаесет свештеници.
Вонредно назначување на диктатори Функцијата станала самостојна по падот на монархијата, кога светите права и должности прешле во рацете на Понтифексот максимус или Жртвениот крал, иако традиционално (неполитички) диктатор (видете исто така: базилеј, интеррекс) тој бил формално мандатиран од Сенатот за еден ден, за изведување на извеснен обред.
Според Тит Ливиј во неговата „Историја на Рим“, стариот водич напишан со архаични букви вели: „Нека тој што е Претор максимус врзе шајка на Септемвриските иди.“ Овој проглас се врзувал од десната страна на храмот на Јупитер Оптимус максимус, веднаш до капелата на Минерва. Се смета дека шајката го означувала бројот на годината. Според овие инструкции конзулот Хорациј го посветил храмот на Јупитер Оптимус максимус по истерувањето на кралевите; од конзулска церемонија, оваа станала диктаторска, заради поголемиот авторитет. Заради подоцнежноо губење на обичајот, се сметало од доволно големо значење да се назначи диктатор. За ова бил номиниран Л. Манлиј, но неговото назначување било о дполитички, а не верски причини. Тој бил желен да командува во војната против Херниките. Невнимателниот начин на кој тој регрутирал војници предизвикал бес. Најпосле, како резултат на едногласниот отпор на трибуните на плебејците, тој попуштил, своеволно или насила, и се откажал од диктаторството. Оттогаш, овој обред го изведувал жртвениот крал (Rex Sacrorum).( )
Должности
Главната должност на понтифексите било одржувањето на т.н. „pax deorum“ - „мир на боговите“.Римското прогонство на христијани од Нил Манцуло 8 февруари , 2000 Persuasive Writing, пристапено на 17 август 2006Pax Deorum everything2.com, пристапено на 17 август 2006„Римска митологија“ , Енкарта
Во средиштето на неизмерниот авторитет на колегијатот стоел Понтифексот максимус, а другите онтифекси биле негов конзилиум или советодавно тело. Неговите дункции биле делумно жртвени или обредни, но овие биле најмалку важни. Неговата вистинкса моќ била во спроведувањето на т.н. jus divinum, божествениот закон;jus divinum, Онлајн речник Мериам-Вебстер, пристапено на 24 август 2006 информациите кои понтифеските ги собирале во врска со римската верска традиција се составувале во еден корпус со резимирана догма и други концепти. Главните одделенија на т.н. jus divinum може да се опишат вака: Регулација на времени церемонијали потребни во време на зарази, громови и сл. Осветување на сите храмови и други свети места и објекти посветени на боговите од страна на државата преку своите магистратури. Регулација на календарот; не само астрономски, туку и неговна детална примена во јавниот живот во државата. Примена на законот за погреби и погребални места, и богослужение на Маните, мртвите предци. Надзор на сите венчавки со конферацио, т.е. првобитно на сите законски патрициски венчавки. Примена на законот за посвојувања и тестаменти.
Понтифексите имале и важни функции во врска со државните архиви, водење официјални записници за избраните магистрати (видете Фасти) и списоци на магистрати, како и записи за нивните решенија (commentarii) и главните настани во годината, таканаречените „јавни летописи“ - Аналес максими.Понтифекс , Енциклопедија Британика, Изд. 1911