Петар Христов - ГерманчетоПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 91 (1867, Герман - 28 февруари 1907, Дробитишта) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација Кратка биография на Петар Христов.

Животопис

Петар Дамов Христов, познат и како Петре Дамовски, е роден во 1867 година, во селото Герман, Леринско. Во 1899 година, тој влегол во ТМОРО и станал селски војвода. Во 1901 година, османлиските власти го уапсиле и осудиле на 6 години робија, но во 1903 година бил амнестиран. Учествувал во Илинденското востание како војвода. По Востанието, заминал за Соединетите Држави и оттаму се вратил во 1905 година. Повторно основал чета и како нејзин војвода дејствувал против Османлиите и андартите во Преспанско, особено Наколец. На 28 февруари 1907 година, тој бил опколен од османлиската војска кај селото Дробитишта. За да не им падне жив во рацете, Петар Христов се самоубил. Неговиот син Герман Дамовски ја продолжил традицијата во борбата за ослободување на Македонија, како раководител на НОФ.

Галерија

Извори

Поврзано Герман Дамовски Македонска револуционерна организација

Категорија:Македонски војводи Категорија:Луѓе од Герман (Леринско) Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Самоубијци Категорија:Родени во 1867 година Категорија:Починати во 1907 година